Почетна / Телевизија / Искра екс Џамбазова во ново дневно шоу „Семеен магазин“ на Алфа

Искра екс Џамбазова во ново дневно шоу „Семеен магазин“ на Алфа

 

Семеен магазин – во 14:40 часот

 

 

Од 13 јули (среда) на Алфа телевизија започнува новото дневно шоу – “Семеен магазин”. Емисијата „Семеен магазин“ доаѓа во вашите домови и со себе ја носи топлината, непосредноста и едноставното сфаќање за животот со малите секојдневни задоволства како што се: добрата кујна и вкусните јадења, практичните совети за вашето здравје, за вашата убавина, за семејството и домот…

 

 

За полесно и за поубаво секојдневие, водителите на оваа емисија ви презентираат гости кои ќе ви понудат совети и ефикасни решенија за целото семејство, како и оригинални препораки за жените и за мажите.

Практични совети и решенија за некои модни теми, препораки за добра и здрава храна, иснтрукции за игри и рекреација зе целото семесјтво… Нешта за кои е потребно малку време и малку пари…

 

 

Освен Искра, водители на емисијата ќе бидат и Тина Таутовиќ (Бело глувче) и манекенката Емилија Розман. Поради новата улога на Искра, контактната емисија “Збор по збор” добива нов водител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмска шема на Телма за период од 30.01.2021 до 05.02.2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 30.01 2021 – 05.02 2021 САБОТА  30.01.2021 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!