Почетна / МК Сцена / „Зелено светло“ – нов спот на Сара Маркоска

„Зелено светло“ – нов спот на Сара Маркоска

 

Победничката на најпрестижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест 2012“, Сара Маркоска, конечно ја израдува својата публика со нова песна која истовремено доби и видео запис. Во нумерата „Зелено  светло“ што е снимена во студиото на Дарко Димитров, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски со текст на Магдалена Цветкоска Ена, на Сара и гостува еден од најдобрите Р&Б артисти во Македонија – Панчо од ДНК.

„Пресреќна сум што конечно излезе во етер мојот нов сингл и мојот прв спот. Панчо ми направи огромна чест не само со тоа што ми гостува во песната и спотот, туку и со тоа што во еден здив го напиша текстот кој самиот го рапува. Песната е многу енергична во Р&Б ритам кој и самата го сакам и мислам дека ќе биде голем летен хит во кој ќе се пронајдат многу припаднички на понежниот пол“, изјавува младата Сара.

 

 

Во видео записот кој што го работеше Томато Продукција, како вистинска музичка ѕвезда Сара се истакнува и со својата втора љубов – танцот, играјќи на секси кореографија од Јана Андреевиќ заедно со своите „колешки“ од балетското студио Еурека, кадешто самата е член повеќе од 10 години. Еден прекрасен фустан од новата колекција на познатата дизајнерка Тања Кокев е дел од интересниот стајлинг на Сара во видео записот кој што се снимаше на неколку локации во Скопје. Песната и спотот деновиве ја доживуваат својата медиумска промоција, а Сара на публиката и најавува интересен летен проект од кој таа ќе биде дел.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан „Мозаик“, парите за карти може да ги рефундирате

Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи концертот во …

error: Содржината е заштитена!