Почетна / Телевизија / Започнува втора сезона од квизот „Арена“ со Димитар Атанасовски

Започнува втора сезона од квизот „Арена“ со Димитар Атанасовски

 

Од оваа недела, петти февруари, започнува втората сезона на популарниот квиз „Арена“. Овој квиз започна минатата година со формат во македонска продукција, предводен од Димитар Атанасовски, а емитуван на Алфа Телевизија, привлече огромен број гледачи. За возбудата да биде уште поголема во новата сезона, „Арена“ вклучува иновативни методи и нови игри за уште поголем предизвик за натпреварувачите.

 

 

Новата сезона на квизот „Арена“ ќе биде освежена со нови и уште поинтересни содржини. Игрите кои ќе доведат до уште позабавни моменти се третата по ред игра „Биди детектив“ и шестата игра „Лицитација“. Во „Биди детектив“ Атанасовски ќе раскажува мистериозни ситуации и ќе го поставува клучното прашање за решавање на истите. Целта е да се реши мистеријата и тој што ќе го даде точниот одговор ќе добие најмногу поени. Играта „Лицитација“ е од покласичен карактер каде натпреварувачите ќе ги вложуваат своите поени за да добијат уште повеќе.

 

 

Терминот на квизот, си останува ист. Секоја недела во 21 часот на Алфа Телевизија.

 

На следниот линк може да се проследи најавата за 2та сезона на квизот „Арена“:

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!