Почетна / Телевизија / Жељко Јоксимовиќ станува дел од жирито на „Пинк ѕвезди”

Жељко Јоксимовиќ станува дел од жирито на „Пинк ѕвезди”

 

Српското музичко шоу “Пинк ѕвезди” добива нов член во жирито. Имено, како што известуваат српските медиуми, Бора Џорџевиќ во следниот период нема да биде дел од жирито на ова шоу. Тој е спречен во оваа работа поради здравствени проблеми, а желбата на продукцијата на Пинк е познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ да го завземе неговото место покрај Цеца, Мирослав Илиќ, Марина Туцаковиќ и Харис Џиновиќ. ТВ Пинк соопштува дека Жељко со задоволство ја прифатил оваа улога и дека во наредниот период ќе се најде на едно од столчињата во “Пинк ѕвезди”.

 

 

– Бора е мој голем пријател со кој поделив некои од најубавите моменти во животот. Беше гостин на мојот концерт во Скопје оваа година, а тоа не се заборава. Пинк е телевизија со која соработувам од почетокот на својата кариера и драго ми е што ќе станам дел од ова шоу и ќе помогнам во изборот на новите таленти. Членовите на жирито се мои пријатели кои одлично ја работат својата работа и останува само со заеднички сили да го избереме најдоброто, додека Бора не оздрави – изјавува Јоксимовиќ.

Шоуто е најгледана телевизиска програма во Србија и Црна Гора, но не и во Македонија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …