Почетна / Забава / Елена Ристеска ќе пее песна од Ацо Шопов

Елена Ристеска ќе пее песна од Ацо Шопов

 

На утрешниот „Скопски фестивал“ нашата поп ѕвезда Елена Ристеска ќе настапи со песна од Ацо Шопов. Песната која ќе ја отпее Ристеска се вика „Што си ти“, а всушност се работи за прекрасна адаптација на познатата песна „Третата молитва на моето тело“ од Ацо Шопов во која Богородица го оплакува својот син Исус на неговиот гроб.

 

 

Станува збор за навистина оригинална композиција која е комбинација на молитвена песна и класична поп композиција зад која стои авторот Дарко Димитров. Адаптацијата на текстот ја направи самата Елена. Потсетуваме дека Елена беше дел и од минатогодишниот ревијален „Скопски фестивал“, каде ја отпеа прекрасната балада „Не лажи ме“.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен конкурс за нови композиции за фестивалот „Бисер на Јадранот“

Регионалниот музички фестивал „Бисер јадрана“ го отвори конкурсот за прием на нови композиции за Регионалната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!