Почетна / Телевизија / „Доктор Оз“ продолжува на Сител со нови мали здравствени совети

„Доктор Оз“ продолжува на Сител со нови мали здравствени совети

 

Нови совети со Доктор Оз – секое утро на Сител во 10 часот

 

На Сител телевизија продолжуваат нови дружења со шоуто на “Доктор Оз”, кое ќе се емитува во утринските термини на оваа програма.

Користејќи ја својата популарност на врвен здравствен советник во шоуто на Опра, Др. Мехмет Оз го започна ова тв шоу кое набрзо стана едно од најгледаните во светот и кое надсинхронизирано се здоби и со гледаност и во Македонија. Популарноста на ова talk show нуди едноставни решенија за актуелни и широкораспространети здравствени проблеми.

 

Со помош на голема екипа врвни здравствени експерти, Др. Оз ќе продолжи да советува како да ослабиме, како да се храниме и останеме витални, како да го совладаме стресот, како да ги решиме сексуалните проблеми и слично. Шоуто се снима пред публика во Студио 6А во легендарниот њујоркшки центар Rockefeller и добитиник е на 2 награди Emmy.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …