Почетна / Телевизија / Х Фактор / Голем концерт на Кајмакоски во Македонија

Голем концерт на Кајмакоски во Македонија

 

Х-Фактор ѕвездите на 7 јуни во Скопје: Се најавува голем концерт во Борис Трајковски

Бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу „Х Фактор“, на 7ми јуни конечно ќе имаат специјално задоволство да бидат дел од големиот концерт кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На овој концерт македонската публика ќе го има задоволството да биде прва која ќе ужива во настапите на 12те финалисти од „Х Фактор Адриа“, кои токму со концертот во Скопје ја започнуваат својата голема и долгоочекувана регионална турнеја.

 

Регионалното издание на „Х Фактор“ се одржа со исклучителен успех и очекувaно, привлекувајќи огромно внимание од страна на публиката и медиумите насекаде во регионот, а особено во Македонија со победата на македонскиот претставник во финалното натпреварување Даниел Кајмакоски. Овој концерт се надеваме ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика. А за успехот кој ѕвездите на шоуто веќе го достигнаа, доволно говори и фактот дека и по завршувањето на натпреварот, тие сè уште привлекуваат огромното внимание од медиумите и публиката, а еуфоричната популарност кај фановите секојдневно расте. Нивните одлични настапи ги направија толку популарни што тие за кратко време прераснаа во вистински идоли на публиката во целиот регион. Изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје, се токму ѕвездите кои се пласираа во 12те финалисти на „Х Фактор Адриа“: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Поради долгото исчекување на овој концерт и огромниот интерес од страна на публиката, ве советуваме дека треба да бидете брзи за да го обезбедите вашето присуство на големото концертно шоу кое нè очекува на 7ми јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба ќе бидат пуштени фан-пит влезници во строго ограничен број (само 500 влезници) кои ќе чинат 700 денари. Покрај фан-пит, достапни ќе бидат и влезници за: партер – 350 денари, трибини – 400 денари, ВИП влезници – 1.000 денари.

Продажбата на влезниците ќе се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

error: Содржината е заштитена!