Почетна / Забава / Во петок премиерно ќе ја слушнеме евровизиската песна

Во петок премиерно ќе ја слушнеме евровизиската песна

 

Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија, во мај во Киев ќе биде официјално промовирана со видео запис во емисијата Стисни Плеј на МТВ на 10-ти март (петок) со почеток во 20 часот и 15 минути.

 

 

Во текот на емисијата ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет ( песна, спот, сценски настап, кореографија и стајлинг), а со публиката ќе бидат споделени и ексклузивни видео материјали од процесот на снимањето на песната и спотот, како и сите останати евровизиски активности на коишто се работеше во изминатите два месеца.

Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден и конечниот редослед.

 

 

Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото
издание на Изборот на Песна за Евровизија, во мај во Киев ќе биде официјално
промовирана со видео запис во емисијата Стисни Плеј на МТВ на 10-ти март (петок)
со почеток во 20 часот и 15 минути.
Во текот на емисијата ќе бидат откриени и сите позначајни детали околу авторскиот и
креативниот тим на годинешниот евровизиски пакет ( песна, спот, сценски настап,
кореографија и стајлинг), а со публиката ќе бидат споделени и ексклузивни видео
материјали од процесот на снимањето на песната и спотот, како и сите останати
евровизиски активности на коишто се работеше во изминатите два месеца.
Јана Бурческа настапува на 11-ти мај во првата половина на Второто Евровизиско
полуфинале, а дополнително се очекува од продуцентите на шоуто да биде одреден
и конечниот редослед.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авалон го започнува концертното лето со Амира Медуњанин на 9-ти август

Авалон продукција со огромно задоволство го најавува првиот проект од концертите што ќе ги организираат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!