Почетна / МК Сцена / Видео | Пајак и Јован Јованов заедно го препеeја хитот „Магија“

Видео | Пајак и Јован Јованов заедно го препеeја хитот „Магија“

По дваесет и пет години, победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.

За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.

Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.
На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.

Спотот е промовиран на јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во магазинот Бекстејџ на Телма ТВ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ретро интервју со Каролина : Убавината ја чувам во душата

Ретро интервју со супербрендот Каролина објавено во дневниот весник Дневник пред 24 години. Навистина времето …

error: Содржината е заштитена!