Албанските телевизии неверојатно ја збогатија и подобрија својата програмска шема и продукција која веќе слободно може да се стави во рангот со европските телевизиски шеми и продукции.
Имено, покрај најновите турски серии и домашни серии кои ги снимаат албанските телевизии, тие одлучија дека на своите гледачи треба да го понудат и најдоброто од светот на телевизиските шоу програми.
Па така, изминатиов период, во Албанија се откупија и продуцираа домашни верзии на светски формати. Got talent ја имаше својата премиерна прва сезона, а успешен почеток доби и реалното шоу Фарма, чија втора сезона се најави веќе за од септември.
Big Brother Albania со голем интерес се следи на Топ ченл веќе четири сезони, а за следната 2025/2026 ТВ сезона повторно е во план снимање на нови епизоди.
Важно е да се спомене и дека телевизија Клан ги има правата за X Factor, X Factor Kids, Love Island Albania, Wedding wars и Fashion hero.
До каде се македонските телевизии со откуп на лиценцирани светски шоуа? Освен една телевизија која пред неколку години ги откупи лиценците на Deal or no deal (Се или нешто) и Ready steady cook (Брза кујна), интерес за нови шоу програми нема од ниедна друга македонска телевизија.
Дани | ТВ Пакет