И оваа година, традиционално и во препознатлив стил, на Алфа ТВ ќе се емитува новогодишна програма, во која учествуваат повеќе од 70 познати македонски музички имиња.

Новогодишната атмосфера започнува и се загрева со македонската народна песна – темелот на нашата музичка традиција и емоционален код што ги поврзува генерациите.

Преку безвременските хитови, кои со децении се пренесуваат од колено на колено, се раскажува приказната за еден народ, неговата радост, болка, љубов и надеж.

Во празничната програма учествуваат најпознатите естрадни гласови, кои со своите интерпретации внесуваат топлина, свеченост и вистински новогодишен дух. Со чаша во рака ја испраќаме старата година, ја пречекуваме новата со насмевка и надеж, и испраќаме искрени желби за мир, здравје и љубов во секој дом.

Новогодишно музичко шоу на Алфа телевизија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
