32 годишниот Акин Акинозу се прослави со улогата на Миран во турската серија „Дива“ која се емитува на ТВ Сител.
Миран по професија е математичар, но надвладеала неговата љубов кон актерството, што му донесе голема популарност.
За жал на припадничките на понежниот пол, турскиот актер е во долгогодишна врска со својата девојка Сандра Плестемлаџијан, но не можеше да одолее на флертувањето на социјалните мрежи и тоа со девојките кои постојано му даваат комплименти.
Имено, според медиумите, Акин преку своите “нечесни” потези бил фатен на дело од својата девојка.
Сандра сакала да го остави поради неговиот порок, но тој ветил дека ќе ги избрише сите недолични постави и одговори на социјалните мрежи и нема повеќе да флертува со обожавателките.
Инаку, актерот токму со улогата во “Дива” успеа да добие голем број на награди како најдобар актер во драмска серија, а како ќе заврши неговата романса со убавата Рејхан, гледаме во последните епизоди од хит серијата на Сител.
Дани | ТВ Пакет