Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Во сабота стартува најновата сезона од „Ѕвездите на Гранд“

Во сабота стартува најновата сезона од „Ѕвездите на Гранд“

Најгледаното музичко талент шоу се враќа на Канал 5 со новата, 16-та сезона од своето емитување.

Прочуеното жири и ментори: Драган Стојковиќ-Босанец, Марија Шерифовиќ, Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Ана Бекута, Џорџе Давид, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ-Мили на чело со Саша Поповиќ се во потрага по најдобриот глас во регионот, а нивната задача не е ни малку лесна.

Новитет во оваа сезона е што жирито од самиот старт ќе може да ги гледа кандидатите лице в лице, без притоа тие да чекаат да се крене завесата.

Додека осумчленото жири ќе ги оценува кандидатите од целиот регион, добро координираното водителско дуо Сања Кужет и Воја Недељковиќ ќе се погрижат да ја зачинат атмосферата во студиото со смеа, позитивност и радост, а воедно и да ја намалат нервозата и тремата кај кандидатите пред самиот нивен настап.

Борбата меѓу младите пејачки таленти може да започне. Од 5 ноември па секоја следна сабота следете ги “Ѕвездите на Гранд” во 20.30 часот на Канал 5 телевизија.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Антониа Гиговска открива кога една жена решава да изневери

Во новата епизода од поткастот ” Равенка за успех ” кај Маја Поцевска на гости …

error: Содржината е заштитена!