Почетна / МК Сцена / Ивона Јо ја промовираше „Буквално”, песна за нејзината борба

Ивона Јо ја промовираше „Буквално”, песна за нејзината борба

Младата пејачка Ивона Јо(вановиќ) со голема промоција во Intermezzo Music Bar на публиката ѝ го подари својот прв музички проект (во новиот живот), насловен како „Буквално“.

„Буквално“ е автобиографска песна, снимена во Белград. Музиката и аранжманот се дело на српскиот продуцент и пејач Немања Антониќ, додека за текстот е заслужен Иван Вукајловиќ.

„Ивона се разликува од останатите уметници со кои јас сум работел, по тоа што како девојка, артист, изведувач од друга држава – Македонија, дојде во Србија и реши да започне кариера! Тоа е навистина многу храбро и е за почит! Ивона има перфектен српски акцент, многу убаво пее, неверојатно ја пренесува емоцијата, Србија одлично реагира на неа, а мислам дека тоа е повеќе од доволно за да ѝ предвидам одлична кариера!“, открива Немања Антониќ, автор на песната.

Сценариото го искреира самата Ивона (со поддршка од Тамара Волческа и Мартин Трајановски), која целата своја животна приказна ја прикажува во спотот.

Во видео записот како актери се појавуваат Тамара Волческа, Цеце Николова и три девојки од Србија – Ирена Јовановиќ, Ана Илиќ и малата Јана Зариќ. Овие девојки ги прикажуваат петте емоции кои Ивона ги чувствувала низ годините (тага, среќа, бес, самокритичност и его), а кои секој од нас ги има во одреден период од животот.

Токсичната врска од која пејачката своевремено била дел, ја прикажува со актерот Дамир Салијевиќ.
„БУКВАЛНО сакам да ја слушнат сите жени кои некогаш се почувствувале повредено и изманипулирано од своите емотивни партнери. Сакам да ја слушнат сите луѓе кои во својот живот војуваат некакви битки“, вели Ивона.

Со стихот Кад ти кажу лепша је после тебе Буквално – Ивона ѝ се обраќа на Ивона“. Рефренот вели Хаос да сакријем, болече те брутално. Сите ние имаме моменти во коишто тагуваме и плачеме во себе. Сакам тоа да го нормализирам и да кажам дека е во ред. Во ред е да плачеме во себе, но не и да го чуваме. Јас тоа го пуштив, го пуштив преку текстот на БУКВАЛНО“, заклучува Ивона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Макфестовската песна на Елена доби и српска верзија

“Мука ми је” е насловот на препевот на српски јазик од песната “Ме боли за …

error: Содржината е заштитена!