Почетна / Филм / Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Историскиот трилер „Земја од соништата“ празнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра на семејната фарма која е на работ на затворање. Еден ден ќе влезе во шталата и ќе ја најде како се крие озлогласената ограбувачка на банки, разбојничката Алисон Велс.

Таа е повредена, а нему веднаш му паѓа на памет идејата да ја предаде и да ја заме наградата за нејзината глава и така да ја спаси семејната фарма. Сепак, тој открива дека таа е многу повеќе од она што властите тврдат дека е и кога ќе побара помош од него, тој ќе ја ислуша нејзината приказна и ќе сфати дека мора да и помогне, без разлика што велат властите.

Јуџин ќе се заљуби во убавата одметничка и со автомобилот на неговиот очув ќе тргне во бегство заедно со неа, со цел да стигнат до Мексико каде можеби живее и вистинскиот татко на Јуџин.

За да обезбедат пари за пат, ќе се обидат да ограбат банка, но работите ќе тргнат на полошо, ќе се случи уште едно убиство, а потерата ќе им биде зад петици.

Петок, 23 јуни 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – “Dreamland”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот дел од шпионската акциона комедија „Кингсмен“ сабота на Сител

Кингсман: Тајната служба е акциона-шпионско-комедија од 2014 година, режирана од Метју Вон, а според сценарио …

error: Содржината е заштитена!