Време за многу смеа… и многу забава.
Канадска хумористична серија со 58 номинации и добитничка на 24 телевизиски награди од понеделник до петок на Прва Скопска ТВ во 18.15 часот.
Во фиктивното место во Онтарио ќе ги следиме згодите и незгодите на жителите на ова гратче, кои на еден интересен начин ќе успеат да нѐ расположат и да ни ги пренесат нивните секојдневни проблеми и решенија.
Во центарот на дејството се братот и сестрата Вејн и Кејти, кои водат мала фарма, а со помош од пријателите Дарил и Сквирли Ден.
Освен фармерите, тука се и неколку играчи на хокеј, обожавателите на теретаната, свештеникот Глен, зависниците од дрога и така натака.
Сите овие ликови, заедно ќе мора да соработуваат, а со цел да го одржат животот во градот и да се справат со сите искушенија кои им претстојат.
Дани | ТВ Пакет