Почетна / Серии / „Gossip Girl“ всушност била маж!

„Gossip Girl“ всушност била маж!

 

Дека снимањето на серијата „Gossip Girl“ е завршено веќе знаете, но сигурно не ни претпоставувате кој се крие зад блогерката која ја „дрмаше“ целата серија. Предупредуваме дека текстот подолу содржи споилери, па доколку не сакате предвреме да го дознаете крајот на серијата, прескокнете ја статијава.

 

 

Хит серијата за разгалените припадници на џет сетот од Менхетен  престана да се снима, и конечно дознавме која е таинствената „Озборувачка“ чиј глас го позајми актерката Кристен Бел. Доколку сте загрижен фан на серијата, тогаш немојте да го читате овој текст до крај, затоа што во последната реченица ќе откриеме која е Озборувачката заради чиј блог  во текот на шесте сезони, колку што се емитува серијата, стравуваа јунаците на оваа серија.

Со последната епизода на шестата сезона под наслов „New York, I Love You XOXO“, заврши оваа популарна серија за млади и богати припадници од елитата од Менхетен, а како што и претходно беше најавувано, „Озборувачка“ престана да се снима заради падот на гледаност. Ете, конечно и тоа го дознавме, после 120 епизоди таинствената Озборувачка е разоткриена. Секако, на ова откритие не им недостасуваа коментарите од фановите на серијата.

„Иронично е што сите мислеа дека станува збор за тотален аутсајдер“, гласи еден од коментарите на Твитер, кои следуваа после емитувањето на последната епизода од „Озборувачка“.

Значи, длабоко земете воздух, „Озборувачка“ не е ни Блер, ни Серена, туку – Ден Хемфри!

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!