Почетна / Серии / Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ нема да се емитува на Телма

Втората сезона од хит ситкомот „Преспав“ нема да се емитува на Телма

 

“Преспав” со нови продолженија продолжува на ТВ 24

 

Македонската хумористична играна серија “Преспав” со самото појавување предизвика лавина позитивни реакции особено кај младата популација. Конечно продукциски нешто кое изгледа квалитетно, урбано и нормално за овој век. Гледачите задоволни од ликовите и настаните во пансионот “Преспав” веќе долго време ја очекуваат втората сезона од серијата на Телма.

 

 

Но, сега е сѐ јасно. Вашиот омилен ситком продолжува наскоро, но не на Телма, туку на друга фреквенција. Јелена, Марио, Ула, Тони и Коста наскоро ќе ги следите на фреквенцијата на ТВ 24. Покрај рускиот и српскиот ситком, ТВ 24 ни ја носи и македонската играна комедија “Преспав” која ќе ве насмее и расположи со новите авантури на персоналот и сопствениците на пансионот во Преспа.

 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдрагата српска серија „Среќни луѓе“ повторно со вас

Кроз прозоре нашег дома, видим твог живота део склапам очи и тешим се да си …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!