Почетна / Забава / Евровизија / Романија на Евровизија со жежок латино ритам!

Романија на Евровизија со жежок латино ритам!

37/42

 РОМАНИЈА

Изведувач: Mandinga
Песна: ‘Zaleilah’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

Романскиот избор е уште еден од изборите кои не ги следев баш со големо внимание оваа Евровизиска сезона, но сепак на крајот не успеаја да ме разочараат со нивниот избор. Боите на Романија годинава ќе ги брани групата Мандинга, која е составена уште во 2005-та година, а зад нив стојат веќе четири успешни албуми. Како што е и нивниот стил на музика, таква и песна ни праќаат на Евровизиската сцена. Zaleilah е забавна мелодија со медитерански шмек и латиноамерикански примеси, и затоа сметам дека ќе ја крене публиката на нозе во Кристалната сала во Баку. Очекувам финале за Романците, а таму некаде финален резултат на средината од табелата.

 

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Иако Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, нашите композитори пишуваат за …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!