Почетна / Забава / Евровизија / Поради пласманот и силното лоби, Австралија и оваа година на Евросонг

Поради пласманот и силното лоби, Австралија и оваа година на Евросонг

 

Dami Im – Sound of silence (Австралија)

 

Сите мислевме дека минатогодишното учество на Австралија ќе трае само една Евровизија, бар така ни велеа главните луѓе од ЕБУ. Но, поради одличните резултати и силното лоби кое што го имаат, ЕБУ реши и годинава да бидат дел од Евровизија но овој пат не директно во финале, туку како и останатите земји да се борат за влез во финале и тоа во второто полуфинале во кое беа извлечени да настапат.

 

 

Како и претходната година, така и за оваа важи дека во случај на победа на Австралија, Евровизија ќе се оддржи во некоја од поголемите земји учеснички.

Dami Im е Корејско-Австралиска пејачка и текстописец. Таа е родена во Јужна Кореја, но имигрирале во Австралија заедно со својата фамилија на девет години. Таа ја започнала музичката кариера како госпел пејачка во Кореја и независно го објави својот прв деби албум, Dream, во 2010 година.

 

 

Три години подоцна, Im победува на петтата сезона на X Factor Australia и веднаш склучи договор со Sony Music Australia. По победата на X Factor, го објавува својот победнички сингл Alive, и вториот албум насловен по неа самата. Третиот албум Heart Beats го објавува во 2014 година и станува глобален хит и бележи успеси ден денеска на австралиските топ листи.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!