Почетна / МК Сцена / Фото | Бојан Јовановски со силна порака против тероризмот и насилството

Фото | Бојан Јовановски со силна порака против тероризмот и насилството

Вчера вечер беа доделени вторите по ред „Стори“ награди во хотелот „Александар Палас“, каде присуствуваа многу наши познати личности од светот на шоу-бизнисот, бизнис-фелата и спортски работници.

Но, дефинитивно Бојан Јовановски, сопственикот на „БМЈ“ и 1ТВ беше ѕвезда на вечерта.

Неговиот изглед предизвика реакции кај присутните, но и по социјалните мрежи. Пораката која сакаше Јовановски да ја упати со овој стајлинг е многу силна. Станува збор за креација од најновата линија „Louis Vuitton“, а сите парични средства од оваа колекција ќе бидат донирани во борба против тероризмот и насилството во светот.

Бојан сподели и неколку фотографии на неговиот профил на Инстаграм, а како коментар го напиша следното:

– Костимот ( кој е главна тема ) кој го носев на вчерашната оскаровска манифестација #сторинагради има силна порака! Костимот е од последната колекција на „Louis Vuitton“ и е инспириран од приказната „Волшебникот од Оз”, она што е најважно е дека компанијата правејќи ја оваа колекција направила и своја кампања за борба против тероризмот и насилството. Сите финансиски средства од продажбата на овие лимитирани модни парчиња од оваа колекција одат во борба против тероризмот и насилството на светско ниво!!

Горд сум што сум првиот Македонец кој на директен начин зема учество во оваа светска кампања!!!

Со љубов, Вашиот “Волшебник од Скопје”- Светско а наше.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!