Почетна / Забава / Евровизија / Еуфорично во Шведска. Како напредуваат подготовките?

Еуфорично во Шведска. Како напредуваат подготовките?

 – Еуфорично во Шведска –

14-ти, 16-ти, и 18-ти мај 2013

 

На 26-ти мај 2012-та година, Шведска со голема победа во Баку го доби правото за организација на наредното издание на најголемото и најгледаното музичко натпреварување во Европа, а победничката песна „Euphoria“, ги руши сите рекорди и стана најпопуларната победничка песна во последните неколку години, дури повеќе и од норвешката бајка (Alexander Rybak – „Fairytale“) од 2009-та година.

 

Каде и како до Шведска?

Кога се во прашање страните на светот, годинешниот домаќин Азербејџан беше во втората најисточна земја учесничка на Евровизија. Од друга страна, Шведска е четврта по ред најсеверна. До 2000-та година, на копно, до Шведска можеше да се стигне исклучиво поминувајќи го Балтикот, Русија, па на крајот Финска, но од тогаш беше пуштен во функција огромниот проект – тунел под морето од данскиот брег до пола пат, па огромниот мост од пола пат до шведскиот брег. Навистина изгледа фантастично и нема подобар начин метафорички да го претставиме влезот во новата Евросонг сезона. 2013-та година, навистина ќе биде посебна.

 

Зошто 2013-та година ќе биде посебна?

1. Домаќините Швеѓани меѓу другото се и препознатливи по најдобро организираниот национален избор за Евровизија. Кога веќе толку се грижат да Мелодифестивален изгледа перфектно, тогаш можеме само да замислиме што всушност ќе направат за главната работа – 58-то издание на Евровизија.

 

2. Во Стокхолм (иако се уште не е потврдено дека ќе биде град домаќин), напредува и изградбата на Friends Arena, која се гради од 2009-та година, а во функција треба да биде пуштена на 27-ми октомври годинава. Неизбежно е да се спомене дека таа ќе може да прими дури 65 илјади гледачи кога се во прашање музичките концерти. Исто така финалето на Мелодифестивален 2013-та година е закажно во оваа арена, а доколку се одбере и за официјална арена за Евровизија, пет дена после неа арената ќе биде домаќин и на Svenska Cupen Final 2013. Рекордот по гледачи досега го држи Данска во 2001-та година, кога на Паркен стадионот Евровизија во живо ја следеа 38 илјади луѓе. Швеѓаните не само што ќе го соборат рекордот, туку и ќе постават нова бројка, недостижна за многу години и домаќини кои ќе следат.

 

Промо за свеченото отворање на спортската арена:

3. Гласини околу изборот на водители:

Последните денови кружат многу гласини околу изборот на SVT за водители на Евросонг 2013. Најспомнувани се трите многу познати евровизиски имиња: Манс Зерменлоу, популарен шведски пејач, Сара Даун Финер, позната шведска пејачка и водителка на годинешниот Melodifestivalen, и најпознатото лице Елена Папаризу, победничка на Евросонг 2005-та, Гркиња родена и порасната во Шведска. Како и да биде, уверени сме дека водителите сигурно ќе бидат подобри од оние во Баку.

4. Потврдени земји учеснички:

Досега 21 земја официјално го потврди своето учество на идната Евровизија. Тоа се: Албанија, Австрија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Данска, Ерменија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Израел, Норвешка, Романија, Словенија, Холандија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Туристички водич за Стокхолм:

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 земји откажаа учество на детска Евровизија, но наша МРТ потврди

МРТ меѓу првите се пријави за учество на детската Евровизија во Грузија оваа година. Ние …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!