Почетна / Телевизија / Ќе се реализира шоу копија на „Операција Триумф“

Ќе се реализира шоу копија на „Операција Триумф“

Пинк телевизија без лиценца прави микс на светски телевизиски шоуа

 

 

Како што известуваат српските медиуми, музичкото шоу “Пинк ѕвезди” преминува во реално шоу. Имено, многу веројатно е дека на пролет кога шоуто ќе влезе во финалните емисии, 20-те избрани финалисти да влезат во куќа каде ќе живеат под видео надзор неколку месеци. Освен тоа што ќе живеат таму, идните ѕвезди на Пинк ќе имаат и музички простории и ментори со кои ќе ги вежбаат избраните песни. Менторите ќе бидат ни помалку ни повеќе, туку сегашните членови на жирито и тоа Цеца, Харис Џиновиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Чорба и Мирослав Илиќ. Песните ќе се изведуваат секоја сабота на гала вечерите во студиото на Пинк телевизија кога и ќе бидат елиминациите на финалистите. На таков начин, Пинк телевизија планира да ја избере идната Пинк ѕвезда која ќе создаде балканска кариера.

Освен најавата за ваква преобразба, се шпекулира и со името на водителката Маријана Мичиќ како дел од реалното шоу. Маријана е позната како водителка од “Големиот брат”, па нема да и претставува никаков проблем да се снајде во следната фаза од шоуто. Ако досега шоуто наликуваше во голем дел на светското “The Voice”, од сега ќе наликува и на “Операција Триумф”, “Големиот брат” и “Икс фактор”. Голема идеја на Пинк телевизија, мора да признаеме, но и добар начин да се измиксаат неколку реални и музички шоуа без да се плати лиценца за истите.

 

 

Победникот ќе се прогласи на почетокот на јуни до кога ќе трае шоуто. Кај нас се емитува на Алфа телевизија од понеделник до петок во 21 часот, а финалните емисии ќе бидат емитувани во живо во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во шоуто учество земаа и македонски кандидати, кои допрва ќе се борат за влез во финалните емисии.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма работи независно и обејктивно – реакција до судијата Нанев

Телма телевизија до Судски Совет испратила допис како реакција на излагањето на судијата Лазар Нанев …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!