Почетна / Филм / „Јад“ (1975) – македонски филм во петок на Наша ТВ

„Јад“ (1975) – македонски филм во петок на Наша ТВ

„Јад“ е македонски филм од 1975 година режиран и напишан од македонскиот режисер Кирил Ценевски, кој во петок на 31 август ќе се емитува на Наша ТВ со почеток во 22.15 часот.

Крај на XI-от век. Охрид, Византија. Силен духовен отпор на словенското население кон византиската власт и христијанската догма, искажан преку ересот на богомилското движење и автентичната самобитност на народот. Прогони, анатеми, убиства, чуми, несреќи… вител во кој ја следиме судбината на семејството на Аврам, како вековен симбол на човековото опстојување на балканските крстопати. Во селото на Аврам владее епидемија на големи сипаници. Сите болни ги фрлаат во вар. Аврам сè уште нема наследник, а тоа неизмерно го посакува.

Ноќе, кога селаните изведуваат во шумата ритуали за изгонување на болестите и кажуваат молитви упатени кон природата, Аврам ја забележува младата и убава Далија со која посакува да има син. Правото на старешина тоа му го дозволува. Во исто време и жената на Аврам упатува паганска молитва кон Сонцето за да ја оплоди нејзината утроба. Се раѓаат два сина. Едниот, Вардан, и неговата мајка Далија се сместени во манастир, а другиот, Гаврил, ја има сета таткова љубов. Момчињата израснуваат и се запознаваат на еден црковен празник, кога Аврам со семејството и селаните доаѓаат во манастирот. Момчињата не знаат за роднинската врска и стануваат пријатели. Заедно одат да ги гонат крадците кои посегнале по стоката на Аврам. На тој пат сретнуваат богомили кои зборуваат за еднаквост и правда меѓу луѓето. Во селото се враќаат со девојката Галија, која во тие несигурни времиња останала без своето семејство. Гаврил се вљубува во неа.Следуваат низа трагедии, базирани на тогашни верувања и догми.

Улогите ги толкуваат Сабина Ајрула, Олег Видов,Нада Гешовска,Дарко Дамески,Марга Потоцка,Танасие Узуновиќ,Фабијан Шоваговиќ

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спортска комедија и австралиски хорор денеска на МТВ 1

недела (19.08.2018) – 17.45 часот – “Тренерот” Ник е неодговорен и немотивиран млад човек.Тој е …

Leave a Reply