Почетна / Вебновела / Црвена месечина – Финале

Црвена месечина – Финале

Дојде време да се збогуваме и со првата успешна вебновела во Македонија. Стотици од вас секојдневно ги читаа згодите и незгодите од животот на ликовите што се родија во главата на авторот, LucasScott. Големата секојдневна заинтересираност од посетителите да дознаат што ново ќе донесе “Црвената месечина” е награда за авторот на ова дело. Честитки за напишаното, уживајте во крајот!

 

 

Клеменсија и Дијана гледаа шокирано во младата жена по шокантното признание. Дијана особено не можеше да поверува во она што Марија Клара го говори.
– Марија Клара, сигурно ли не си ги помешала нештата? Можеби си збунета…
– Ти го кажувам она што го видов, Дијана. Оној што ме силувал како мала…бил Алехандро, – повтори низ солзи. – Предмалку го прочитав писмото на Артемио Сантибањез. Цело време живеевме во заблуда. Артемио тврди дека Алехандро ја има убиено мојата сестра Фернанда.
– Прости ми, Марија Клара но не можам да поверувам, – рече Дијана. – Сигурна сум дека Артемио ја убил Лорена, твојата сестра.
– Артемио не можел да ја убие Фернанда бидејки јас и Фернанда сме негови ќерки.
Ваквата изјава на Марија Клара уште повеќе ги збуни жените.
– Артемио Сантибањез е Качоро, тетко. Човекот од дневникот на мојата мајка. Нејзиниот таен љубовник. Мојот татко.

Матилде лежеше на креветот во својата соба, не можејки да се помири со судбината која и беше преодредена. Висента седеше до неа и ја милуваше по главата, среќна што нејзината ќерка е здрава и жива.
– Погледни ме, ќерко. Што ти се случило? Зошто не зборуваш со мене?
– Бев киднапирана…Ме однесоа во некоја вила…Ме дрогираа, мамо. И ме ставија на сет за да снимам порно филм.
Висента беше шокирана од ваквата изјава на својата ќерка.
– Никогаш повеќе нема да излезам од дома. Цело село ќе ме покажува со прст. Беше страшно…- повторуваше Матилде со ноктите гребејки ја својата кожа од која и се гадеше. Висента ја зеде во прегратка за да ја смири, но солзите на двете жени не можеа да престанат да течат.

Ноќта беше млада, а црвената месечина се задскриваше зад темните облаци кои навестуваа немирна и долга ноќ. Фабијан запали нова цигара и пријде до мини барот по нова чашка, додека Естер ги пакуваше куферите за двајцата.
– Автобусот за Веракруз поаѓа утре на пладне, – рече Естер. – Од таму вечерта имаме лет за Доминиканската Република каде што ќе започнеме нов живот. Лажните документи треба да бидат подготвени до недела. Изворот ќе ни ги прати по брза пошта. Од тогаш јас и ти ќе бидеме Мирјам и Пабло Валтиера, сопружници.
– Имаш испланирано се до најситен детал, – со потсмев рече тој.
– Не е смешно, Фабијан. Немам намера да паднам во мрежата на Артемио и да лежам во затвор до крајот на мојот живот.
Во меѓувреме заѕвоне мобилниот телефон на Фабијан. Посегна по џебот. Беше адвокатот Фернандес.
– Ало?! Кога? Благодарам…
– Кој беше?, – праша Естер откако Фабијан ја прекина телефонската врска.
– Фернандез. Артемио е мртов. Го нашле телото во неговиот апартман во хотелот.
– Знам, – мирно рече Естер со олеснување.
– Ти го уби?, – ја праша Фабијан.
– Заедно со Алехандро, – рече таа низ лудничава насмевка.
– Што зборуваш?
– Алехандро Молина не е оној кој сите мислиме дека е…Алехандро е Негрете, син на надзорникот Родриго и неговата сопруга Рут. Моите родители. Алехандро е мој брат.

По разговорот со Естер, Фабијан го посети адвокатот Фернандез, кој шо му зборуваше за смртта на Артемио.
– Била страшна смрт, – рече стариот адвокат. – Го убиле со отров…
– Адвокату, јас знам кој го има убиено. Алехандро Молина!
– Алехандро Молина, рековте?, – праша адвокатот.
– Тој. И подобро да пратите некого по него, бидејки тој човек е способен за злодела од прв степен.
– Но, немам докази.
– Јас имам. Мојата сестра Естер била со него кога Артемио бил убиен. Естер штотуку ми призна.
Стариот адвокат веднаш посегна по телефонската слушалка.
– Инспекторе Торес. Овде Фернандез. Испратете потерница по Алехандро Молина на хациендата Ла Луна. Верувам дека го имаме убиецот на Артемио Сантибањез.

Ана Вирхинија не можеше да поверува кога Ратас телефонски и соопшти дека Артемио е мртов.
– Артемио? Мртов?
– Да. И јас мислам дека го има убиено Лусија, – Ратас ги споделли своите сомнежи. – Повеќе немам што да правам во ова село. Се враќам уште ноќва во градот.
– Ги уништи ли барем документите од апартманот на Артемио?, – праша Ана Вирхинија.

Естер ја изгасна цигарата во пепелникот, стана од троседот и погледна низ прозорецот. Сеуште немаше трага од Фабијан. Дали вредеше што ја сподели тајната на Алехандро, се запраша. Но, во тие моменти живееше во конфузија и заблуда, не можеше ни рационално да размислува. Слушна мотор од автомобил и светла на истиот. Беше Фабијан, кој по кратко влезе во куќата со насмевка на лицето.
– Спасени сме, Естер.
– Како?!
– Зборував со Фернандез а потоа и со инспекторот Торес. Им кажав дека Молина го има убиено Артемио.
– Зошто го стори тоа?!, – хистерично извика Естер.
– Естер, смири се…
– Не! Проклет да си, Фабијан! Знаеш ли што значи ова? Дека ја изневерив својата крв! Го изневерив мојот брат!
– Смири се. Единствен брат сум ти јас, оној кој постојано беше покрај тебе сум јас…
– Остави ме на мира, – грубо извика таа и истрча кон својата соба. Го грабна телефонот в рака и го заврте бројот на Алехандро.

Алехандро го возеше својот автомобил кон хациендата, кога заѕвоне неговиот мобилен телефон.
– Кажи Естер, – рече ставајки ја врската на спикерфон.
– Прости ми, Алехандро, – го молеше таа низ солзи. – Направив глупост…
– Што стори?
– Му кажав на Фабијан за тебе. Му кажав дека ти го уби Артемио…
– Како можеше, Естер?, – Алехандро процеди низ стегната вилица. – Ти кажав во доверба, проклета!
– Прости ми, те молам прости ми…И сокриј се. Побегни некаде, бидејки најверојатно ќе дојдат по тебе.
Алехандро ја прекина врската и даде зголемен гас на мототрот од автомобилот.

Пас не можеше да биде мирна. Минаа веќе неколку дена како што немаше никаква трага од нејзината ќерка Маргарита. Ја бараше насекаде околу хациендата, во визбата, во шталата за коњи, но никаде ни трага од девојката. И преостана уште да ја побара во старата колиба во шумата. Како што полека приоѓаше до колибата, така мирисот на труло месо стануваше се понеподнослив. Со ракавот го прекри носот, бидејки реата беше неиздржлива. Кога ја отвори вратата само испушти силен вресок кој одекна во дрвената фасада на колибата. Нејзината ќерка лежеше мртва на подот, додека телото и беше модро и пред распѓање. Направи неколку чекори и го зеде трупот во прегратка. Додека низ лицето и течеа горчливи солзи, на масата забележа пиштол. Посегна по оружјето и забележа дека е полно со куршуми.
– Фабијан Монтеро ќе плати за твојата смрт, Маргарита…Ти се колнам, ќерко, – прошепоте низ очај и болка. Го стави оружјето во својата потсуќна и ја напушти колибата.

Алехандро го сопре автомобилот на неколку метри пред капијата на хациендата. Не сакаше да предизвика врева со моторот на колата. Го зеде пиштолот и го смести во појасот.
Истовремено, Клеменсија низ солзи го читаше писмото кое Артемио и го имаше оставено на својата внука, додека Марија Клара сеуште во бунило седеше стуткана на фотељата со суви солзи размислувајки како можеше да падне во канџите на еден психопат.
– Не можам да поверувам, – рече Клеменсија, вртејки со главата. – Од првиот ден кога го видов знаев дека тој човек нешто крие, затоа и никогаш не ја одобрив вашата врска, но ниту јас не можев да се посомневам дека тој човек е таков психопат, убиец!
– Ме заведе и направи да се вљубам во него…- прошепоте Марија Клара. – Ми го зеде срцето како што и го зел на мојата сестра. Ја убил поради наследството. Тој човек е монструм…
Одеднаш низ целата куќа снема струја. Алехандро ги исклучи сите прекидачи во оставата. Во мрак се беше полесно, помисли.
– Ќе одам по свеќа, биди тука, – Марија Клара и рече на својата тетка и се упати кон кујната.
Старицата го остави писмото и стана од троседот. Пријде до прозорецот и погледна кон небото. Небото беше црно а месечината беше полна и црвена како рубин. Одеднаш почуствува тап удар во тилот и падна онесвестена на подот. Алехандро го врати својот пиштол назад откако се погрижи за старицата.
Кога Марија Клара е врати во салонот со свеќа во раката, погледна пред себе, но Клеменсија не беше онаму каде што ја остави.
– Тетко?! Каде си?
Со свеќата полека осветлуваше околу себе и кога наиде на старицата онесвестена покрај прозорецот, потрча да и помогне.
– Тетко, тетко…одговори ми, тетко!
Додека се обидуваше да ја разбуди старицата, ги почуствува силните раце на Алехандро околу своето тело и почуствува како и заледува крвта.
– Време е јас и ти да разговараме со отворени карти, Марија Клара.
Младата жена се обиде да повика помош, но со својата рака тој ја преклопи нејзината уста.
– Шшш…Сакам да ме одведеш кај рубинот, љубов моја или ако не, збогувај се со твојата сакана тетка.
– Земи се, само не ја убивај, те молам, Алехандро, – го молеше таа низ солзи.
– Таква ми се допаѓаш, кога си послушна. И…каде е скриена Црвената Месечина?!
Марија Клара знаеше дека нема друг излез освен да го одведе кон богатството. Направи чеори кон библиотеката, додека Алехандро ја следеше со оружјето вперено во нејзиниот грб. Тоа беше моментот кој тој го чекаше целиот свој живот. Марија Клара пријде до полиците со книги и направи ѕидот да се отвори на две, онака како што ја имаше научено нејзината тетка. Кога влегоа во тунелот, ѕидините повторно се споија на сензор. Младата жена посегна по клучот кој ја отвараше бравата од долгиот тунел кој водеше до богатството. Алехандро ја следеше зад чекор.

Кога Магнолија забележеа дека нејзината тетка лежи во безсознание на подот, потрча по газа и алкохол, па на старицата брзо и се врати свестта.
– Што се случило, тетко? Слегов да видам зошто нема струја и те најдов на подот…Дали си добро?
– Марија Клара, каде е Марија Клара?, – прашауваше старицата како низ бунило.
– Најверојатно е со Алеханро, – одговори Магнолија. – Од прозорецот во собата го видов кога доаѓаше наваму.
– Не! Не со тој човек!, – крикна старицата.
– Што се случува овде?, – праша Дијана, кога влезе во мрачната просторија.
– Алехандро ја зел Марија Клара, – во еден здив одговори Клеменсија. – Постои само едно место каде што можел да ја однесе.

Пас ги избриша солзите и влезе во телефонската говорница. Го заврте бројот на Фабијан.
– Фабијан, овде Пас, готвачката. Каде сте? Сакам да зборувам со Вас. Каде можам да ве најдам? – праша жената, обидувајки се да биде мирна и да не и трепери гласот.
– Во ова време?, – праша тој гледајки на рачниот часовник. Беше скоро полноќ. – Зарем не може да почека до утре, Пас?
– Не. Мора да биде сега.
– Во ред. Во куќата на мојата сестра сум.
– Ќе бидам таму за десет минути, – рече Пас и ја спушти телефонската слушалка. Очите и беа крвави и желни за реванш.

Држејки го фенерот во рака, Марија Клара чекореше по тесниот и мрачен тунел под хациендата, додека во чекор ја следеше Алехандро. Молчеа цело време. Ниту таа имаше воља да знае, ниту тој имаше желба да праша. Кога тунелот заврши, се упати кон левата страна, пријде до ѕидот и со растреперена рака ја пристисна третата цигла во седмиот ред. Пред двајцата се направи отвор од кој што допираше црвена светлина. На лицето на Алехандро се развлече широка насмевка. Моментот кој го чекаше целиот свој живот. На округлата маса во стаклен сад, на плишано тло лежеше Црвената месечина.
– Пред да одам, зарем не сакаш да ја знаеш вистината?, – Алехандро ја праша.
– Не, – кратко одговори таа.
– Не ми вели дека не си љубопитна.
– Само едно прашање…Зошто ме лажеше? Зарем не можеше да дојдеш до овој камен без цела таа фарса?
– Одмаздата е послатка кога се остварува на дело. Овој камен беше само мојата крајна цел. Мојата одмазда беше да направам да стардате како што страдаше мојата фамилија, поради твојата. Кога бев мал, моите родители работеа на оваа хациенда. Твојот сакан дедо имаше голема доверба во мојот татко. Татко ми беше еден од чуварите на големата тајна, еден од малкумината кои знаеа за постоењето на Црвената Месечина. Беше добар и принципиелен човек. Но, еден ден твојот татко, Ригоберто Валенсија со сила ја направи мојата мајка – своја. Кога татко ми дозна дека неговата жена била силувана доживеа срцев удар. Се чуствуваше предадено и омаловажено. На својата смртна постела ми ја одаде вашата семејна тајна, тајната за овој рубин наречен Црвена Месечина.
– Сега нештата се толку јасни, – рече Марија Клара обидувајки се да ги сокрие солзите. – Затоа ме силуваше кога бев мала…Како што мојот татко ја силувал твојата мајка.
– Ти знаеш?, – ја праша изненадено.
– Не многу долго. Но, најважно е дека се сетив. Знам дека беше ти.
– Тоа беше првиот чекор кој го сторив како дел од мојата одмзада која му ја ветив на мојот татко пред да почине. Имав само седумнаесет години, но бев доволно зрел да знам дека тоа е исправно. Ве следев со денови. Таа вечер дедо ти не беше дома. Ти и тетка ти бевте на балет. Ве следев цело време. Кога стасавте дома, со моите приајтели влеговме во куќата. Тие зедоа накит и пари а јас ја зедов твојата невиност.
– Имав само десет години! Како можеше?, – го праша низ солзи.
– Зарем твојот татко имал милост кон мојата мајка кога ја направил своја?! Дали имал разбирање дека таа е мажена и дека има фамилија?! Не! Зошто јас да имам милост кон едно размазено девојче кое израснато како принцеза? Уште кога дојдов на хациендата првата ноќ, сакав да страдаш. Затоа и ги убив твоите коњи.
– Ти ги уби коњите?, – шокирано го праша.
– Секако. Знаев дека таква трагедија само повеќе ќе те зближи до мене а ќе те одалечи од Фабијан за кој мислеше дека е виновен за смртта на кутрите животни.
– Не можам да поверувам…
– Ова е сценарио кое го спремав целиот мој живот, Марија Клара. Затоа никој никогаш не ме дозна, бидејки се беше испланирано до најситен детал.
– А Фернанда? Како знаеше за неа? Како знаеше дека е жива?
– Лорена беше нешто друго…Знаев дека е Валенсија од првиот момент кога ја видов.
– Сакаш да кажеш дека вашата средба беше веќе твое сценарио?
– Во животот никогаш не оставам нештата да течат по свој ред. Но, со Лорена ми се случи нешто неочекувано…Искрено се вљубив во неа. Беше големата љубов на мојот живот. Но, реваншот беше посилен од се. Чекав да се венчаме за да ја елиминирам. Но, немав храброст. Кога дознав дека ја киднапирале, сфатив дека и некој друг сака да допре до нејзиното наследство. Но, потоа како да се врати од мртвите. Не можев да ја оставам жива…Ја убив со тешко срце.
– Те молам престани, – го замоли Марија Клара вртејки со главата. Неговите зборови и предизвикуваа мачнина, гадење…
– Кога дојдов на хациендата и те видов тебе, знаев дека нема да биде тешко да го остварам мојот план. Беше толку кревка, ранлива и поводлива, не ми требаше многу да те заведам.
– Никогаш не ме љубеше?, – го праша со скршено срце.
– Ти кажав дека единствената жена која сум ја љубел е Лорена. Ти беше само нејзина бледа копија. Јас никогаш не би можел да љубам некоја како тебе…
– Замолчи! Не можам да те слушам повеќе! Земи го каменот и бегај! Оди некаде далеку пред да те фатат!
– Зарем мислиш дека ќе заминам без да се збогувам со тебе? За последен пат?, – ја праша раскинувајки ги копчињата на нејзината кошула со својето оружје.
– Зарем не сакаш да уживаш со мене како некогаш? Како оние пати кога очајно ме бараше за да бидеш моја?! – ја праша впивајки го мирисот на нејзината коса.
– Не знаеш ни самиот колку се гадам од тебе…
– И самата знаеш дека тоа не е вистина.
– Никогаш нема да ти простам за тоа што и го направи на мојата сестра и она што ми го правиш на мене. Се надевам дека ќе гориш во пеколот.
– Како што еднаш ти реков, од љубовта до омразата има само еден чекор, – додаде тој, спуштајки го својот јазик на нејзиниот врат.
Марија Клара замижа. И се превртуваше утробата од неговите бакнежи. Колку што некогаш уживаше во истите, толку сега и се гадеше. Го прегриза силно за неговото уво, толку многу јако што му испушти крв а тој крикна од бол. Во бес ја зграби за косата, додека таа се обиде да побегне од одајата во која отсјајуваше црвената боја на рубинот.
– Не си играј со моето трпение.
И замавна една силна шлаканица, па уште една. Марија Клара падна на подот превиткувајки се од болка.

Вестта за смртта на Артемио брзо се рашири низ селото. Матилде ја прифати мирно, но скептично.
– Кажи ми ја вситината, мамо, – побара од Висента кога и ја соопшти вестта. – Дали ти го уби татко?
– Секако дека не, – одговори таа.
– Сакам искрен одговор.
– Секогаш сум искрена со тебе, Матилде. Те боли што е мртов?
– Не знам…Би сакала да си одиме од селово, мамо.
Висента благо се насмевна и ја зеде свјата ќерка во прегратка ветувајки и дека ќе заминат што поскоро.

Фабијан беше во бањата кога го слушна ѕвоното на вратата. Го закопча шлицот и почна да ги мие рацете кога слушна истрел. Избезумен истрча од бањата кон дневната просторија. Естер лежеше мртва на подот со прострелна рана во главата. Пас која стоеше на прагот од вратата беше шокирана.
– Мислев дека сте вие, – изговори во бунило. – Куршумот беше наменет за вас! Зошто ја убивте Маргарита?
Пас го посочи пиштолот кон Фабијан и го повлече чкрапалото. Но немаше повеќе куршуми. Но, за Пас беше задоволена правдата, гледајки како Фабијан низ солзи тагува за загубата на Естер. Најпосле беа во слична ситуација. Двајцата ги загубија саканите.

Додека ги држеше нејзините раце, Алехандро ја љубеше Марија Клара по вратот, преку деколтето, до усните, но кога допре до нејзиниот јазик таа го прегриза толку силно, што тој почна да исплукува крв.
– Проклета да си! Но, овој пат ќе ставам крај на тебе. Како што сатвив крај и на твојата сестра и на сите оние кои ми го попречија патот до оваа убавица, – покажа на каменот. – Ќе побегнам со рубинот далеку, среќен дека мојата одмазда е комплетна. Ќе те направам моја за последен пат, – додаде тој и го преклопи нејзиното кревко тело со своето. Грубо и го раскина здолништето, кога до нив допре женски глас:
– Остави ја!
Беше Дијана со вперена пушка во телото на Алехандро.
– Остави ја реков!
Алехандро го заврте погледот.
– Како стигна до тука?, – ја праша.
– Клеменсија ми го покажа патот. Не можеше да бидеш на друго место освен тука. Ме прелажа мене како што ги прелажа Лорена и Марија Клара. Ме направи соучесник. Направи слепо да верувам во твојата борба за правдина, додека цело време во тебе живеел ѓаволот.
Посегна по чкрапалото,
– Ова е за Лорена.
Истрел.
– Ова е за Марија Клара.
Уште еден истрел.
– А ова е за мене.
Со третиот куршум, Алехандро ја загуби рамнотежата на своите нозе. Неговото тело падна врз стакларникот во кој лежеше црвениот рубин. Онаму каде што сакаше да дојде со години а не знаеше како, местото кое беше повод за многу пролеана крв, таму Алехандро Молина го испушти својот последен здив.

Месечината и мрачните облаци се повлекоа со раѓањето на зората. Се роди свежи сончев ден.
Уште рано тоа утро, Висента се заангажира за продажба на пансионот, како што и вети на Матилде. Нов почеток во нов град беше идеално за двете. Заѕвоне ѕвоното на вратата и појде да отвори. На свое големо изненадување, пред неа стоеше Лоренсо.
– Здраво, Висента, – ја поздрави.
– Што сакаш?
– Дознав за смртта на Артемио Сантибањез.
– Си го доби заслуженото.
– Ти го уби?, – ја праша.
– Секако дека не. Иако да не го убиеле дуги, јас ќе се погрижев за тоа, немај сомнеж.
– Висента, дојдов да ти кажам дека те сакам. Искрено.
– Сега кога мојата ќерка е наследничка, те интересирам уште повеќе?
– Секако дека не. Моите чуства се искрени кон тебе.
– Во секој случај, жалам, Лоренсо, но никогаш нема да можам да верувам во тебе. Освен тоа потребна сум и на мојата ќерка повеќе од било кога.
– Во ред, те разбирам, – рече тој со скршено срце. – Само сакам да знаеш дека те ценам, како жена и како мајка. Ти си добра и храбра, жена во која искрено се вљубив.
– И јас те љубев, Лоренсо. Но, кога сомнежот ќе влезе од една врата, љубовта излегува од друга, – додаде таа и ја затвори вратата по себе. Немеше што повеќе да каже ниту имаше воља да слуша. Лоресно го спушти погледот и се врати назад од каде што беше дојден.

Магнолија ги пакуваше своите работи во гостинската соба, кога низ ходникот помина Клеменсија и ја забележа својата внука како се пакува преку отворената врата.
– Каде одиш?
– Решив да се вратам назад и да продолжам со својот живот. Моето место не е повеќе тука. Никогаш не сум ни припаѓала тука. Поздрави ја Марија Клара од мое име. По се што се случи, непријатно ми е да ја побарам. Се надевам дека Фабијан брзо ќе и даде развод и дека ќе ја пронајде среќата со некој маж.
Клеменсија ја прегрна својата внука за поздрав и посака се најубаво и ја напушти собата. Магнолија продолжи да се пакува кога остана сама. На дното на нејзиниот куфер, под сите алишта беше сокриен рубинот. Црвената месечина која толку многу ја посакуваше, скапоцениот камен кој веруваше дека ќе ја направи најбогатата жена на светот. Се насмевна задоволно, го закопча куферот. Беше време да замине.

Фабијан се погледна пред огледалото. На себе носеше костим за јавање и високо јавачки чизми. Го порави елечето. Беше свежо избричен и мирисаше на колонска вода. Слезе во шталата и го зеде најубавиот и најграциозниот коњ од сите. Се качи на седлото и одјава кон шумата. Јаваше како никогаш претходно. Не гледаше околу себе. Пред него се протегаше високиот водопад. Јаваше во правец на местото каде што водата се слеваше стотици метри надолу кон реката. Ги тераше уздите и на крајот ги пушти. Телото на коњот и телото на Фабијан едно до дуго летаа кон амбисот на смртта. Долг, висок и лесен пат за брза смрт. Завршија на дното на реката…Водата продолжи да тече, но не и животот на Фабијан Монтеро.

Матилде беше во конфузија дали да го прифати наследството на Артемио или не.
– Јас мислам дека треба да го прифатиш, – ја советуваше Висента. – Зошто да ги отфрлиш тие пари?
– Во писмото кое ми го остави мојот татко…Артемио вели дека другата половина и ја сотавил на мојата друга сестра, Марија Клара. Ти знаеше дека Марија Клара е негова ќерка, мајко?
– Не, прв пат слушам од тебе. И што ќе правиш со парите?
– Не знам…Сакам да отворам сиропиталиште, дом за малтретирани и незаштитени жени. Имам многу избор, ќе видиме. Најважно е ти да бидеш со мене, сакана мајко. Те сакам,- додаде Матилде и силно ја прегрна својата мајка. – Сега морам да одам.
– Каде, ќерко?
– Да зборувам со мојата сестра…

Автомобилот речиси бесшумно возеше по патот. Зад воланот седеше Магнолија, задоволна што нејсината мисија се покажа успешна. Дојде во Сан Кристобал по црвениот рубин и сега си оди од градот со него. Не можеше да биде посреќна. Но, Магнолија не забележа дека патот пред неа е затворен поради одронување. Кога го забележа знакот, веќе беше предоцна. Нејзините крици се мешаа со чкрипењето на гумите по асфалтот. Автомобилот излета од патот превртувајки се неколкупати пред да експлодира.
Магнолија и Црвената месечина гореа во пламен.

Сонцето полека заоѓаше зад виноградот, а младата месечина полека се раѓаше на небото.
Марија Клара седеше на една карпа покрај изворот, гледајки како сонцето заоѓа на едната страна, додека младата месечина се раѓа на другата, пуштајки го својот црвен отсјај во брановитата вода.
Вечерта, месечината не беше полна. Но беше црвена како крвта пролеана на таа земја. Почуствува нечие присуство зад себе и кога се заврте ја виде Матилде. Стана од карпата и се затрча кон широко отворената прегратка на својата сестра. Се држеа долго во прегратка и не говореа ништо. Молкот кажуваше повеќе од илјада зборови. Во прегратка се упатија кон Ла Луна. Главите им беа потпрени една до друга додека чекореа кон старата хациенда. Имаа многу да надокнадат.

Крај!

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …