Почетна / Живот / Фото | Ја донел во Скопје за да ја запроси

Фото | Ја донел во Скопје за да ја запроси

 

Ако досега сме навикнале да гледаме и да слушаме за млади Македонци, кои специјално заминуваат во некоја романтична земја во Европа или, пак, подалеку за својата љубов ја овековечат со брак, сигурно не би ни паднало на памет дека нашата Македонија има иста таква магија за странците, пишува Дневник.

 

 

За 33-годишниот Германец, Мирко Херцлер, Скопје е поромантично од Германија. Тој иако нема ништо македонско во своето потекло, по две куси службени посети на земјава, одлучил третиот пат, специјално да дојде заедно со својата долгогодишна љубов, 30-годишната Kаролин Редлин и токму во центарот на Скопје да ја побара нејзината рака.

„Сакам мојата врска со Kаролин да биде силна, цврста, топла како што е Македонија и како луѓето овде, сакам сета поврзувачка енергија што зрачи од вас да биде темел на моето идно семејство со Kаролин, видно возбуден, со растреперен глас, од кој зрачат впечатоци и љубов – почнува да раскажува Мирко за весникот.

 

 

Пресреќен е што само пред два дена го остварил својот сон: и официјално да ја започнат брачната заедница во, како што вели, најтоплата земја во која некогаш сум бил. За него пријателите во Македонија тврдат дека е многу реален и практичен човек и оти желбата да ја побара Kаролин токму на ова парче земја не е толку романтичен излив, ами е силно верување оти ако нивниот заеднички живот почне со, како што велат, македонска енергија, врската ќе биде нераскинлива.

Овие вљубени Германци и својата венчавка планираат да ја направат во ромнатичната и топла Македонија.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охрид SOS : Марина во Студенчишко Блато не смее да има!

Во прилог соопштение на Охрид SOS до јавноста : Претставници на Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ …

error: Содржината е заштитена!