Почетна / Серии / Фото | Мустафа од „Збогум Румелија“ ја освои македонската публика

Фото | Мустафа од „Збогум Румелија“ ја освои македонската публика

 

Оваа недела имавме премиера на уште една турска серија, серијата „Збогум Румелија“ која е снимена во Македонија и чијашто гледаност ги сруши рекордите остварени од други програми. Серијата се емитува на Сител телевизија, а во неа гледачките веднаш го забележаа актерот Толгахан Сајшман кој го толкува ликот на Мустафа.

 

 

 

Кој е актерот и во која серија претходно сме го гледале, дали ви текнува на Чинар од „Лале“?

 

Толгахан Сајшман е роден е на 17-ти декември, 1981-та година во Истанбул, Турција. Своето образование го завршува на Kadikoy Intas High School, а врвот на кариерата како модел го достигнува на престижниот настан Best Model Of The World 2004. Покрај актерството, тој е познат и ако модел, а телевизиските гледачи го познаваат и како водител на неколку шоуа.

 

 

 

 

Како актер, тој се појавува во сериите: „Esir Kalpler“, „Macolar“, „Dicle“, и „Elveda Rumeli“ која е една од најпопуларните серии во Турција, закитена со бројни награди. Покрај телевизијата, Толгахан е популарен и на големото платно благодарение на својата улога во филмот “Ask Tutulmasi” каде како партнерка ја има убавата Фахрије Евчен за нас позната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“. Во 2009-та година повторно ја освојува публиката на филмот, но овој пат со Берѓузар Корел – Фериде од „Карадај“. За себе тој вели дека неговиот омилен спорт е фудбал и гордо изјавува дека е фан на турскиот фудбалски клуб Фенербахче.

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …