Почетна / Филм / Филмски кунг фу викенд на Сител со мајсторите Џет Ли и Џеки Чен

Филмски кунг фу викенд на Сител со мајсторите Џет Ли и Џеки Чен

Жежок викенд со кинеските херои на Сител

 

И овој летен викенд, филмови од Хонг-конгшката кинематографија на телевизија Сител. Откако слатко ќе се насмеете со селаните од турската комедија “Животот е убав”, по 21 часот следува акција на Сител.

Сабота, термин резервиран за Џет Ли и “Учителот”. Филм снимен во 1992 година, кој доаѓа по успешниот “Once upon a time in China”.

Дејството започнува кога Џет (Џет Ли) пристигнува од Хонг Конг во продавницата на Так за да го види неговиот учител по кунг фу, Так. Но, го чека изненадување. Продавницата за лекови на Так е затворена, а таму затекнува тројца крадци. Тој тргнува по крадците, следува бркотница низ улиците за на крајот конечно да ги фати. Крадците се толку импресионирани од физичките способности на Џет, па затоа го молат да биде нивниот Учител. Тие го земаат Џет во нивниот дом (напуштена општинска зграда), но таму се нападнати од поголема банда. Џет неодложно влегува да ги брани своите нови пријатели и така започнува акцијата по кинеските улици.

Во недела, пак, во истиот вечерен термин на Сител – акција со Џеки Чен. “Полициска приказна” е филм од 1985 година кој добива и награда во Кина за најдобар филм на годината. Во филмот ја следиме потрагата на инспекторот Чан Ка Куи и неговата полициска екипа по криминалецот Чу Тао. Операцијата на инспекторот започнува напнато така што полицајците се стационирани во еден сиромашен град. Меѓутоа, криминалците ги забележуваат офицерите и се случува престрелката помеѓу двете групи.

Откако метата е фатена, следува нова задача на Џеки Чен – да ја заштити секретарката на криминалецот од мафијата, со оглед на нејзиниот план да сведочи во судот против илегалните активности на нејзиниот шеф.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!