Почетна / Филм / Филмови за Кирил Џајковски и The Hip на фестивалот „Докенритам“

Филмови за Кирил Џајковски и The Hip на фестивалот „Докенритам“

Во рамките на фестивалот „Докенритам“ во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два македонски музички документарни филмови – за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков.

Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот, со акцент на Македонија.

Фестивалот „Докенритам“, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8 до 11 јуни. Неговата програма, покрај филмската, се состои од дебати и промоции на книги.

Гостувањето е во рамките на соработката помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот „Докенритам“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„The Majestic“, „Tag“ и „Blood diamond“ овој викенд на МРТ 1

Четврток, 22 јули на МРТ 1 по централниот дневник ќе се емитува „Мажестик“, режиран од …

error: Содржината е заштитена!