Почетна / Телевизија / Телевизиите Алфа и Телма под лупата на СРД

Телевизиите Алфа и Телма под лупата на СРД

Советот за радиодифузија побара од Министерството за внатрешни работи да потврди дали дел од акционерите на телевизиските канали Алфа и Телма се носители на некои од јавните функции, јавува ТеВе.

Претседателот на СРД, Зоран Трајчевски изјави дека е утврден одреден број на имиња кои се акционери, а истовремено се носители на јавни функции, што е против Законот за радиодифузија. Министерството сега треба да потврди дали се работи за истите личности.

Меѓутоа, нивните акции во сопственоста се многу мали па Трајчевски смета дека е потребен механизам којшто би ги спречил проблемите во работата на македонските медиуми.

Соседниот телевизиски портал објави дека македонската јавност се прашува дали дошло време за затворање на овие две телевизии.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма стана членка на глобалната асоцијација на приватни радиодифузери

Денеска во Луксембург заврши 30-то Генерално Собрание на ENEX (European News Exchange), водечката светска асоцијација …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!