Почетна / Телевизија / Х Фактор / Твитајте за „Х Фактор“ и својот твит прочитајте го на Сител телевизија

Твитајте за „Х Фактор“ и својот твит прочитајте го на Сител телевизија

 

„Х Фактор +“ е нова емисија на Сител телевизија која се занимава со случувањата околу музичкото шоу „Х Фактор“. Се емитува од понделник до четврток веднаш по последниот Дневник на Сител телевизија, а водител на истата е Снеже Велков. Во минутите посветени на она што се случува зад сцената на „Х Фактор“ ќе дознаете нешто повеќе за учесниците од Македонија, ќе го запознаете жирито во едно поинакво светло, а тука се и твитерџиите на кои секоја вечер ќе им биде отстапен простор. 

Твитатје за „Х Фактор“ на хаштаг #хфактор и #xfactoradria вечерва за време на емитувањето на новото издание и прочитајте го својот твит на Сител телевизија веќе следната недела.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …