Почетна / Телевизија / Стартува „Алфа акција” на Алфа

Стартува „Алфа акција” на Алфа

 

Стартува „Алфа акција” на Алфа и тоа во лош термин

Уште од септември минатата година, Алфа почна да најавува нова содржина за нејзината програма, насловена “Алфа акција”. Според најавите заклучивме дека се работи за играно документарна серија која ќе прикажува ретроспектива на вистински криминални случаи во Македонија.

Многу од гледачите ја очекуваа оваа македонска продукција, но и по неколку месеци, од Алфа акција немаше абер за почеток. И по неколкумесечна најава, Алфа реши да ја тргне рекламата од својата програма, па веќе од јануари оваа година не слушнавме ни видовме ништо повеќе од Алфа акција. И кога гледачите се откажаа од надежта дека ќе ја видат серијата на телевизија, Алфа одеднаш реши изненадно да ја пушти серијата и тоа на 17 мај (сабота) во доцен термин, 22.30 часот. Кон крајот на телевизиската сезона, секоја сабота ќе се емитува по една половина часовна епизода.

Слика

 

Во тесна соработка со единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, како и со останатите соодветни организациони единици на МВР, во серијата се реконстрираат акции на оваа единица кои се завршени и кои имаат судска разрешница. Серијата има за цел да ја приближи работата на специјалната единица „Алфа“ и Министерството за внатрешни работи, како и да ја прикаже нивната работа во сета нејзина динамика и специфичност на единица.
Првата епизода беше промотивна за серијата и за едницата „Алфа“ и таа одговора на прашањата зошто е основана единицата, дали се оправдани очекувањата од основањето на „алфите“, какви се досегашните резултати (статистика…), кои се натамошните очекувања и усовршувања… 

Сценариото е на Зоран Бојаровски, а режијата на Иван Чунихин. Од видеото може да погледнете како всушност изгледа “Алфа акција”. 


 

 

 

 

Дани Петковска |ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНРЕКОМ со благодарница за успешната соработка со ТВ Пакет

“Почитувани, Институтот за развој на електронски комуникации прославува 2 години од основањето. По тој повод, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!