Почетна / Серии / Српската адаптација на „Очајни домаќинки“ ова лето на Сител

Српската адаптација на „Очајни домаќинки“ ова лето на Сител

 

“Жените од Дедиње” од понеделник до петок на Сител

 

 

По завршувањето на првата сезона, единствена снимена засега, на “Ургентен центар”, од среда (29 јули) започнува српска верзија и на уште една популарна американска серија. Се работи за “Очајни домаќинки”, кои на српски се “Жените од Дедиње”. Засега се снимени три сезони од серијата, а планирани се уште две. Серијата е снимена во продукција на Емоушн, а првата епизода во Србија е прикажана во ноември 2011 година.

Специјално појавување во серијата имаше и Наташа Беквалац.

 

 

“Жените од Дедиње” ги следи згодите и незгодите на четири дами од високото друштво на Дедиње. Наизглед тие пријателки имаат се’ што ќе посакаат, но нивните животи се исполнети со проблеми, драми и мистерии.

Чарна е сопруга на познат поп пејач Мартин кој станал славен по победата на “Беовизија” и ги држи првите места на сите топ листи, Клара е гневна адвокатка од стара белградска фамилија,  Алиса е промискуитетна и талентирана вајарка и Валерија е искомплексирана домаќинка. Но овие дами имаат свои доблести, свои маани, свои опсесии и желби. Чарна по секоја цена сака да стане мајка, Клара сака да го добие богатството на ссопругот, Валерија има комплекс на ниска вредност затоа што се откажала од кариерата во име на семејството, а пак Алиса е зависна од секс.

 

 

Приказната започнува во Дедиње, дента кога Черна и нејзиниот славен маж организираат голема забава по повод нивното доселување од Крагуевац во Дедиње. Соседите не сакаат да ги прифатат со широки раце новите доселеници на улицата, но една голема трагедија ќе ги одбележи животите на дамите од Дедиње и ќе ги зближи и во среќата и во несреќата.

Таа мистерија ќе ги спои четирите жени од Дедиње, и од тогаш нивните денови стануваат исполнети со лаги, уцени, тајни. Доаѓаат денови кога ќе треба да закопаат мртво тело во бавчата на Черна, денови кога ќе подржуваат лажно татковство, денови кога некој ќе се обиде да изврши криминални дела и убиства во населбата. Со сите случувања на сензуалните домаќинки, запознаен е нивниот психоаналитичар доктор Роси и неговата љубовница која прво ќе работи како куќна помошничка во куќата на Алиса, а потоа и кај Чарна.

 

 

Улоги : Dragan Mićanović, Anđelka Prpić, Irena Mičijević, Maja Noveljić, Lena Bogdanović

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Застани и запали се“, серија на Телма за компјутерската револуција

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!