Почетна / МК Сцена / Слаткаристика ја запали Софија!

Слаткаристика ја запали Софија!

 

Во петокот, на 21-ви март, нашиот највлијателен рапер Слаткаристика имаше настап за паметење во Софија, Бугарија!

 

 

Во еден од најголемите клубови, Sofia Live Club, пеејќи како неговите песни да им се домашни, се забавуваше илјадната, бугарска публика. Слаткаристика заедно со Аце НЛ и DJ Oky Doky повеќе од достојно ја претставија нашата сцена, а присутните не ги штедеа пофалните зборови за нивниот настап, и веќе едвај го чекаат повторното концертно доживување со Македонскиот артист.
 
Долгоочекуваниот настап на Слаткаристика во Софија го посетија и многу познати ликови од Бугарија кои кажаа дека многу одамна го следат нашиот рапер и неговата музика. Меѓу присутните беа пејачот Графа, познатата водителка и глумица Константина Живова, Артистите од Рап групите Young BB Young, FARS и Top Stoppers, глумците од познатите серии „Стаклен дом“ и „Подприкритие“, најпознатиот ТВ водител Андреј Арнаудов, многу организатори на фестивали и концерти и други. Доаѓањето на Слаткаристика во Софија и неговиот настап го покрија повеќе од 20 ТВ, пишани и интернет медиуми, а викендот гостуваше и во 4 Телевизиски шоуа.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Томовска ја отпеа химната за Денот на независноста

По повод денот на независноста, Владата на Северна Македонија организираше прослава, оваа година во Градскиот …