Почетна / Живот / Скопјанец скрши стол од себе оти ги сака лезбејките

Скопјанец скрши стол од себе оти ги сака лезбејките

 

20-годишен граѓанин на Скопје заврши во болница откако си нанел сериозни повреди во пределот на главата оти гледал сцена со лезбејски порно филм, која притоа му се допаднала, јавува Прес24.

 

 

„Откако моите родители си легнаа јас пуштив порно филм за да се опуштам. Првата сцена беше нормална, маж и жена имаа секс покрај базен, но веднаш потоа се случи нешто невообичаено, две лезбејки имаа сексуален однос во дневна соба“, вели повредениот.

„Двете девојки седеа на кревет, пиеја кафе и разговараа. Очекував дека ќе се појават двајца мажи и дека конечно ќе започне акцијата, но тие одеднаш започнаа да се бакнуваат и да се соблекуваат. Се обидов да ја прескокнам таа сцена, но залудно, тие се појавуваа повторно, дури и во следните неколку сцени. По извесно време сфатив дека сето тоа ми се допаѓа и продолжив да гледам“, додава тој. „Ме фати паника, затоа што сфатив дека уживам во нешто толку болно, неприродно и ненормално. Како ѓаволот да влезе во мене. Прво си удрив шамар за да се освестам, но и понатаму ме привлекуваше сцената со лезбејките. Се удрив посилно со тупаница во главата, а потоа зедов столица и си ја скршив од глава и на крајот удрив со главата со ѕид“, завршува скопјанецот кој моментално е на интензивна нега во Клиничкиот центар во Скопје. Тој вели дека кога ќе се врати дома повторно ќе ја гледа сцената за да види како ќе делува на него.

Бидејќи сме сигурни дека и вториот пат ќе му се допадне она што го гледа, ги советуваме родителите да го тргнат настрана од сите столици и останати предмети во куќата, да не настане поголема беља.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Хорор во хотелот „Европа”, некогашната гордост на Отешево

Ова е кратко видео сведоштво за една типична негрижа од македонското општество кон нешто вредно …