Почетна / Спорт / Скандал: Навивач нокаутираше голман

Скандал: Навивач нокаутираше голман

 

Навивач на Лидс Јунајтед успеа да се пробие на теренот и со двете раце жестоко да го удри во главата голманот на Шефилд Венсдеј, Крис Киркланд на завчерашниот натпревар од англиската Чемпионшип лига.

 

 

Инцидентот изби непосредно откако Киркланд прими гол во 77-та минута, кој го постигна Тонга за израмнување на 1:1. Со тој резултат натпреварот заврши на стадионот Хилсброу, познат по трагедијата во 1989 година, кога загинаа 96 навивачи на Ливерпул. Веднаш по нападот на Киркланд му беше пружена лекарска помош, па тој успеа да остане на теренот до крајот на мечот. Хулиганот кој го удри Киркланд веднаш побегна на трибините, но фотографии со неговиот лик веќе се објавени во медиумите, па полицијата наскоро и ќе го санкционира.

 

 

 

 

Мартин Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ 3 ќе го прикаже ретро финалето на Вардар – Пелистер од 1993 година

Уживање за спортските носталгичари. Во сабота (23 мај 2020), третиот спортско-забавен канал на Македонската телевизија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!