Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Сестрите Беквалац – усни на усни!

Сестрите Беквалац – усни на усни!

Сестрите Беквалац, Наташа и Кристина моментално уживаат во Сплит, а како го минуваат времето можете да погледнете на фотографиите што Кристина ги објави на својот Фејсбук профил.

 

Имено, Наташа во една од најпопуларните дискотеки во Сплит вчера одржала концерт, посетеноста на концертот била огромна со оглед на тоа што оваа пејачка никогаш досега на настапувала во нивниот град. Сестрите Беквалац знаеле како да ги спојат работата и задоволството, убавото време го искористиле така што својот престој во градот го продолжиле за неколку денови.

 

“Наташа веќе од средината на следниот месец ќе ги израдува своите фанови со новиот сингл Позитивна. Иако беше планирано да ја сними песната Горка храброст, Наташа сепак одлучи дека во летото е потребен некој побрз ритам, тие што веќе ја слушнаа песната коментираат дека таа ќе ја надмине популарноста на песната Ја сам добро, токму поради провокативниот текст”, открива близок извор до сестрите и додава дека и Кристина во следниот период ја очекуваат големи обврски.

 

 

“Кристина почна со подготовките за својата прва колекција. Со оглед на тоа дека е голем професионалец ништо не и препушта на случајноста, таа веќе започна со подготовките и ако се оди како што треба, до септември ќе биде готова”, вели изворот.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …