Почетна / Забава / Северина – шоу кое нема да се заборави!

Северина – шоу кое нема да се заборави!

 

Вчеравечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се случи долгонајавуваниот концерт на Северина. Спектаклот беше проследен од десетилјадна публика, колку што е и капацитетот за концертните настапи во салата. 8.000 на трибини и 2.000 на партер се сведоци на шоуто за кое ќе се зборува долг период. Иако посетителите очекуваа доцнење како што обично прават ѕвездите, хрватската пејачка сепак се појави десетина минути по 21 часот.

 

 

Концертот започна со големиот хит „Италијана“, публиката буквално збесна кога одблизу ја виде витката става на Хрватката, а ни професионалните танчери од Словенија не беа нешто полоши. Врвот на шоуто беше достигнат кога Северина ја отпеа песната „Град без људи“, за време на истата таа беше крената високо над сцената и благодарение на костимот што го носеше изгледаше како прекрасна птица.

 

 

Многу подароци беа фрлени на сцената, меѓу нив и машки боксерки кои Северина со насмевка ги задржа. Концертот заврши некаде половина час пред полноќ. Илјадници посетители задоволни и полни со импресии ја напуштија салата „Борис Трајковски“.

 

 

 

 

{gallery}042013/severina-skopje{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!