Почетна / Серии / Реприза на Телма и на британската судска драма „Криминална правда“

Реприза на Телма и на британската судска драма „Криминална правда“

Полноќна реприза на – “Criminal justice” (2008-2009)

добитник на British Academy Television Awards, Royal Television Society Awards и International Emmy

 

Од наредната седмица, Телма телевизија започнува со полноќна реприза на британската серија. “Криминална правда” е серија од 10 продолженија, која на Телма премиерно се емитуваше пред две години.

Снимена во 2008 и 2009 година, “Криминална правда” ќе ни претстави патување и борба на индивидуалец во системот за правда. Главната улога во првата сезона ја толкува Ben Whishaw, кој го глуми Бен, млад дечко кој е обвинет за злосторство за кое не се сеќава. Една бурна ноќ, под дејство на алкохол и екстази, ќе замине во куќата на една девојка да спие со неа, но веќе следното утро, се буди со страотна глетка.

Нож во раката и мртвото тело на девојката крај него. Траумата допрва започнува, затоа што го чека голема борба во која ќе мора да докаже дека е невин… или едноставно да ја прифати вината?

Во втората сезона пак ја следиме Максим Пикер како Џулиет, која во напорниот и долготраен судски систем, ќе треба да докаже дека не го убила сопругот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply