Почетна / Забава / Раперот Тони Зен стана словенски бог?

Раперот Тони Зен стана словенски бог?

Познатата македонска хип-хоп ѕвезда Тони Зен стана заштитно лице на најновата вотка „Сварог“, именувана по словенскиот бог на огнот и небото. Во преполната сала на ресторанот „Мулино“ се случи нешто што наликуваше на древен словенски ритуал: преку енергетичниот танц на македонските легенди „Ребис“ и перформансот на хрватскиот театар „Игра на сенки“, богот Сварог беше „повикан“ во Македонија и отелотворен во ликот на Тони Зен.

 

 

На овој начин, новата ексклузивна вотка „Сварог“ која компанијата „Бадел 1862“ неодамна ја лансираше на хрватскиот пазар, ја доби својата македонска промоција. Се работи за висококвалитетен алкохолен пијалок во чие производство беа вклучени врвни хрватски алкохолни стручњаци и дизајнери, настојувајќи на овој начин најадекватно да го одбележат 150-годишното постоење на Бадел на балканските и европските пазари.

 

 

На вчерашниот настан во „Мулино“ присуствуваа голем број на јавни личности од забавниот и политичкиот живот, како и претставници од хрватската амбасада во Република Македонија. По бомбастичната најава на вотката „Сварог“, публиката ја забавуваа познатите хрватски поп-ѕвезди Ивана и Марија Хусар.

 

 

Бадел 1862 АД Скопје, екслузивниот застапник за производите на Бадел 1862 во Македонија, неодамна доби Супербренд признание за својата дводецениска работа на македонскиот пазар, каде се наметнаа како своевиден лидер, заземајќи околу 50% од целокупниот увоз на алкохол во земјава. Освен мини – турнејата на Тони Зен која ќе се случи во текот на оваа година, тие најавуваат многубројни настани и изненадувања со кои ќе ги наградат и израдуваат своите верни потрошувачи во Македонија.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!