Почетна / Серии / Почина актерот Хектор Аредондо, ѕвезда од шпанските серии

Почина актерот Хектор Аредондо, ѕвезда од шпанските серии

 

Латино-американскиот актер, Хектор Аредондо, за македонската публика познат од шпанските серии, почина на 44 години од рак на панкреасот.

 

 

Многумина од неговите колеги изразија сочуство на социјалните мрежи и не можат да поверуваат дека тој повеќе не е меѓу нас.

 

 

Еден од главните ликови во серијата „Los Plateados“ којашто се емитуваше на А1 телевизија, дозна дека боледува од оваа болест пред само неколку недели, а докторите открија и дека Хектор го одбил стандардниот медицински третман, најверојатно поради тежината на болеста.

 

 

Во еден од последните твитови актерот од срце се заблагодари на своите пријатели, колеги и фанови на поддршката која му ја дадоа од моментот кога дозна дека е болен.

Нека почива во мир!

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хумор и романса во „Ништо важно“, нова драмедија на Телма

Nothing Trivial (2011-2014) e драма-комедија, симена во Нов Зеланд во 2011 година која на Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!