Почетна / Сапуници / Португалска теленовела, добитничка на ЕМИ, започнува на Сител

Португалска теленовела, добитничка на ЕМИ, започнува на Сител

 

Од понеделник до петок во 10.30 часот

 

По низа турски серии, Сител телевизија конечно започнува со емитување на нешто поразлично. “Тајната на дивата река” е португалска теленовела, која ќе се емитува надсинхронизирана на македонски јазик секој работен во 10.30 часот, веднаш по новата хрватска емисија “Судница”. Се работи за драма на конфликти и социјални поделби, каде што љубовта има централна улога. Добитничка е на ЕМИ награда за најдобра интернационална теленовела за 2011 г, награда која ја имаат добиено бразилските серии “Индија”, “Рамо до рамо”, “Драгоцен бисер”. Серијата е снимена во копродукција со бразилската продуцентска куќа Глобо, а освен во земјите од Латинска Америка, се има емитувано и во Италија и соседна Бугарија.

 

Содржина :
1984 година, двете сестрички Инес и Марта карајќи се за кукличката, паѓаат во надојдената дива река. Додека нивниот татко се обидува да ги спаси, ја спасува постарата ќерка Инес, додека обидувајки се да ја спаси и помалата, реката ќе го одведе кон смртта. Телото на помалата сестра никогаш нема да биде најдено. Мајката е единствениот сведок на таа голема трагедија, во која животот го губи нејзиниот сопруг, а сите мислат и дека Марта е исто така мртва.

 

 

Многу години подоцна, Инес е борбена девојка полна со добрина и без предрасуди, која верува дека нејзината сестра не е мртва и живее за денот кога ќе ја најде саканата сестра. Таа е сопственичка на еден ресторан заедно со нејзината мајка. Вљубена е во Жоао, момче за кое верува дека е човекот на нејзиниот живот. Тој е убав и згоден доктор, кој помага во многу хуманитарни акции. Откако ќе се врати од една таква на Амазон, тој сфаќа дека неговиот живот ќе нема смисла без Инес, па затоа и предлага брак, на што таа со задоволство кажува “да”.

 

Од друга страна, сестрата на Инес која ја однесе дивата река, всушност е жива. Откако паднала во реката, нејзе ја нашло едно семејство, ја посвоило и и’ го дале името Дијана. Дијана сега не се сеќава на ништо. Откако ќе слушне еден разговор на луѓето што ја имаат посвоено, одеднаш и се враќа меморијата и се сеќава на се’ што се случило кога била мала. Решава да ја пронајде нејзината вистинска сестра и да и се одмазди на Инес за несреќата што и се случила пред многу години. Таа е сигурна дека Инес ја бутнала во реката со намера да се ослободи од неа за да стане единствена наследничка, па затоа решава да и одземе се’ што поседува. Дијана нема да бира средства да ја лиши Инес од богаттвото, а истовремено да и го превземе Жоао и целиот живот што и е украден.

 

Улоги : Diana Chaves, Diogo Morgado, Joana Santos, Custódia Gallego, João Ricardo, Joana Seixas, Carlos Vieira

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова турска серија „Црвената марама“ на новиот канал TDC

На кабловскиот оператор А1 започна со емитување нов канал, кој ќе емитува исклучиво турски серии. …