Почетна / Сапуници / Ојку и Ајаз од „Црешите“ се подготвени за свадба

Ојку и Ајаз од „Црешите“ се подготвени за свадба

Како што веќе знаеме Озге Гурел и Серкан Чајоглу, нам познати како Ојку и Ајаз од серијата „Сезона на црешите“ и приватно се во љубовна врска. Тие својата врска ја започнале додека се снимала серијата „Сезона на црешите“ (Сител ТВ), и како што се пишува во турските медиуми многу добро им оди во љубовта на згодните глумци.

Озге Гурел присуствува на еден моден настан, на кој бише прикажана новата колекција на дизајнерот Оскар Морис. Оваа млада и згодна глумица им даде интервју на новинарите во кое откри интересни детали за својот приватен живот.

Актерката за својата врска со Серкан Чајоглу како и за можната венчавка го кажа следново:

„Ако сме веќе со години заедно, не би ни бил проблем да решиме да ја озваничиме нашата врска. Моментално сме спремни на такво нешто, но церемонијата за венчавка одзема многу време. Моментално не сакаме да се замараме со тоа. Се сакаме, среќни сме, веќе долго време сакаме да се венчаме, само тој потпис остана.„

Озге исто така призна дека обожува да патува со своето момче:

„Константно имаме планови да патуваме. Често одиме некаде на неколку дена, а вие и да не знаете. Моментално планираме да одиме на Бали, многу егзотично место.„

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!