Почетна / Живот / ОКТА донира во Клиниката за детски болести

ОКТА донира во Клиниката за детски болести

 

„Шанса за живот“ е кампања на ОКТА за донирање на инкубатори во одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести. ОКТА ќе донира пари и дополнително ќе издвојува сума од секоја продажба на гориво на нејзините бензински пумпи. Кампањата ќе трае до крајот на ноември оваа година. Целта на кампањата е опремување на одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести со инкубатори и друга неопходна апаратура што е потребна за нормално функционирање.

„Како социјално одговорна компанија ние сме одлучни да помагаме онаму кај што е потребна помош. Нашите напори во последните неколку години беа насочени кон поддршка на активности за добросостојба на децата. Во врска со ова и во комуникација со директорот на клиниката воочивме вистинска потреба за отпочнување на една ваква кампања. Имајќи ја предвид моменталната состојба во ова одделение на Детската клиника, каде предвремено родени бебиња и деца со компликации секојдневно се борат за живот, започнавме соработка со клиниката за собирање на средства. Дел од тоа ќе биде донација од ОКТА а дел ќе биде од продажбата на гориво на бензинските пумпи на ОКТА“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантину.

 

 

Компанијата ја избра Клиниката за детски болести за донацијата затоа што во интензивното одделение се сместени сите предвремено родени бебиња и бебиња родени со компликации и каде нивните животи зависат од тоа колку добро е опремено ова одделение и од медицинската нега што ја добиваат таму. Моменталната состојба во ова одделение е повеќе од драматична заради старата опрема. Потребата за реновирање на медицинската апаратура е итна и со голема приоритетност.

„Не се случува често да се создаде и спроведе ваква долготрајна и ефективна кампања со толку прецизна и потребна цел. Одделението за интензивна нега постојано има потреба од медицински апарати, затоа што само со доволна и соодветна опрема можеме да спасиме повеќе животи и повеќе бебиња ќе ја добијат потребна медицинска нега. Се надевам и ги повикувам сите да се инволвираат и да учествуваат во создавање на одделение за интензивна нега во место каде животот на секое бебе ќе биде спасен“, изјави директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова.
    

Структурата на кампањата е создадена да влијае и да ги вклучи сите граѓани низ цела држава и да ја подигне нивната свест за моќта да се предизвика промена. Меѓудругото, учеството на граѓаните ќе биде и преку носење на логото на кампањата и со поддршка на целта преку алките  со порака коишто ги претставуваат болничките идентификациски алки.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!