Почетна / Телевизија / Од каде ни е познато ова?

Од каде ни е познато ова?

Презентација на евтина и лесно достапна композиција во After Effects

 

 

Сурфајќи низ порталите за креативни изработки наидов на една композиција што ми го привлече вниманието, чини само 15 долари и тесно е поврзана со телевизијата, затоа одлучив да ви ја презентирам токму тука на единствениот специјализиран портал за телевизиската индустрија во Македонија.

Се работи за Weather Forecast, видео композиција одредена да известува за состојбата на времето во петте работни дена од неделата. Композицијата остава простор за менување на текстот и се останато што е потребно за да се приспособи онаму кадешто ќе се преземе. Содржи 24 различни елементи за извршување на презентацијата, не содржи видео, а доколку не сте креативни и сте мрзеливи, достапна ви е и музиката што е користена во процесот на изработка и тоа за само 8 долари. Креирана е на 17-ти март во 2011-та година во софтверот на Adobe, After Effects преку CS4 и CS5 верзиите, тежи 270 мегабајти и е достапна во HD резолуцијата 1920×1080.

Но, од каде ми е позната мене оваа композиција? Хмм…

 

 

 

 

Chris  | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …