Почетна / Забава / Од вечерва „Баскерфест“ се сели во скопската населба Карпош

Од вечерва „Баскерфест“ се сели во скопската населба Карпош

 

Два дена општина Карпош ќе биде домаќин на фестивалот  кој шири позитивни вибрации- Баскерфест 2016. Граѓаните на Карпош ќе можат да ги погледнат атрактивните баскер точки на жонглери, магионичари, кловнови, акробати на 22 јуни пред Сити Мол и на 23 јуни во трговскиот центар Лептокарија. Секој ден програмата ќе започнува во 19:00 и ќе трае до 22:00.

 

Публиката ќе ужива во јапонската магија на Перформер Монк, светскиот шампион на 12 метарски моноцикл- Унипро Шоу, бразилскиот мајстор на илузијата- Диого Алварез, атрактивното огнено дуо- Мајсторот и Маргарита и многу други. Бидете и вие дел од уличниот театар под отворено небо кој веќе традиционално единаесет години по ред шири насмевки во Скопје.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стенд-ап на 4 август во Охрид – „Ова не е нормално“ со Марјан и Бојан

На 4 август, под ѕвезденото небо на Античкиот театар во Охрид, ќе се случи вистински …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!