Почетна / Телевизија / Нова сезона на Телма од омилената политичка дебата

Нова сезона на Телма од омилената политичка дебата

Од понеделник, 3. септември 2018-та, на Телма телевизија започнува нова сезона од “Топ Тема” со Снежана Лупевска Созен, Боби Христов и Сања Васиќ. Влијателна и гледана политичка дебата овојпат без Чом, за кого напишавме дека направи трансфер во 1 ТВ.

Стартуваме со новата сезона!

Стартуваме со новата сезона в понеделник на 3-ти септември, во истите термини – понеделник, среда и петок во 19.15 часот. Гледајте не!

Posted by Топ Тема на Ваша страна on Friday, 31 August 2018

Понеделник, среда и петок во 19.15 часот ќе ги следиме најжестоките политички судрувања на власта и опозицијата за актуелните политички случувања. Во центарот на дискусиите ќе биде престојниот референдум, со кој Македонија треба да одлучи дали сака да го поддржи Договорот со Грција и со тоа да си обезбеди пат кон Еу и Нато. Не пропуштајте ги новите дебатни емисии од единствената “Топ тема” на Телма, а во четврток во истиот термин – Оливера Трајковска со нејзината “Вин Вин”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот квиз „Столици“ секое попладне на ТВ 24

Српскиот квиз “Столици” започна со емитување на ТВ 24, од понеделник до петок во 17.45 …