Почетна / Сапуници / Непознати факти: Кралот на сточарите

Непознати факти: Кралот на сточарите

Она што не го знаете за теленовелата „O rei do Gado“

 

 

O rei do Gado (Кралот на сточарите) е бразилска новела прикажана од 17. јуни 1996. до 16 февруари 1997. во 209 продолженија. За интернационалниот пазар, новелата беше редуцирана на 130 епизоди. Приказната ја напиша Бенедито Руј Барбоса, авторот кој ги напиша Terra Nostra и Esperanca.

 

Antônio Fagundes, Raúl Cortez, Patricia Pilar, Gloria Pires и Fábio Assunção се појавија како водечки ликови во новелата која рушеше рекорди ширум светот. Новелата е поделена на две фази. Првата го прикажува животот и ривалството на две фамилии за време на Втората светка војна, а втората фаза го следи дејствието во сегашно време. На воведната шпица прво се појавуваат имињата на Антонио Фагундез и Глорија Пирес, а името на протагонистката Патрисија Пилар е испишано подоцна на шпицата, што доведе до полемики меѓу публиката, бидејки улогата на Глорја беше споредна, а Патрисија беше главна.

 

По завршувањето на новелата, Глорија Пирес има изјавено дека улогата на Рафаела Бедринаци во О rei do Gado е најглупавата улога во незјината кариера, оти одвај имала неколку дијалози и дека во целата новела се појавува како сенка на Жеремијас Бердинаци, глумен од починатиот и ценет актер Раул Кортез. Новелата беше репризирана со голем успех на Глобо во терминот Vale a pen aver de novo во 1999. година, редуцирана во 110 продолженија. Само репризата успеа да достигне 29 % гледаност, што беше и повеќе од некои новели кои премиерно се прикажуваа. Новелата се закити со бројни интернационални и национални награди како Premio APCA, Premio Contigo! и Trofeo Prensa.

Актерката Вера Фишер се појави во кратка улога, како Нена Мезенга во првата фаза на новелата. Кралот на сточарите беше прикажана во Македонија на А1 телевизија во 2002. година, по теркот кој го донесе новeлата Terra Nostra.

 

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!