Почетна / Телевизија / Х Фактор / Необично барање до продуцентите на „Х Фактор“

Необично барање до продуцентите на „Х Фактор“

 

За да и покаже на девојката колку ја сака, Борис Влаховиќ од Црна Гора, напишал трогателно писмо до продукцијата на „X Factor“, замолувајќи ги да му ја дадат целата видео снимка од аудицијата на која учествуваше неговата девојка. Борис има само една желба – да ја добие снимката од целосниот настап на девојката, за да може да и го подари на годишнината од нивната љубов.

 

 

Се работи за Моника Кнезовиќ од Подгорица, која во последната аудиција го воодушеви жирито со својата интерпретација. Оваа убава дваесетгодишна девојка, на инсистирање на Емина, настапот му го посвети на своето момче кое во еден момент исто така се најде на сцената на ова популарно пејачко натпреварување.

 

 

– „Моника и јас сме во врска речиси една година. Таа со големо нетрпение ја чекаше „X Factor“ аудицијата, секој ден зборуваше како едвај чека да се прикаже нејзиниот настап, особено затоа што жирито и мене ме повика на сцената. Сепак нејзиниот настап беше скратен и таа беше длабоко разочарана. Многу ја сакам и не можам да поднесам да ја гледам тажна. Си реков дека ќе направам се што треба, ако треба и ќе тргнaм за Белград само да ве замолам да ми го обезбедите целиот настап и да и го подарам на денот кога ќе ја славиме годишнината од нашата љубов. Знам дека тоа многу ќе и значи и дека ќе биде воодушевена“, напишал во писмото Борис.

 

 

Продукцијата била пријатно изненадена со необичното љубовно барање и му излезе во пресрет на вљубениот пар.

– „Точно е дека Борис не контактираше и вистина е дека сме презафатенин со монтажите, но навистина бевме пријатно изненадени со неговото писмо и желбата да ја добие снимката, па со задоволство му излеговме во пресрет. Продукцијата на „X Factor“  секогаш гласа за љубов – на Моника и Борис им посакуваме среќна годишнина од нивната љубовна приказна и уште многу години да поминат заедно“, рече портпаролот на „X Factor“ Милена Поповиќ.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …