Почетна / Сапуници / Најубавата Индијка, Арчана

Најубавата Индијка, Арчана

Анкита Локханде родена како Тануџа Локханде е индиска телевизиска актерка најпозната по својата ролја Арчана Манав Дешмук во “Огнови на љубовта” (Pavitra Rishta). Родена е на 19-ти декември, 1984-та година во Индор, Индија. Нејзината кариера требаше да започне со серијата “Baali Umar Ko Salaam” , но проектот беше укинат уште пред таа да влезе во него. Втората шанса оваа актерка ја виде во новата серија на Zee TV и Balaji Telefilms, насловена како “Pavitra Rishta” која уште од почетокот на своето емитување во Индија ги урна сите рекорди на гледаност за да после три години успее сеуште да ги држи истите гледачите пред малите екрани. Анкита во оваа серија ја доби главната ролја, Арчана.

 

 

Но покрај актерството оваа преубава и талентирана индијка е заинтересирана и за танцот, таа дури учествуваше и во музички шоуа, а не поминува лошо ни одејќи по модните писти, Анкита исто така е и модел. Од приватниот живот се издвојува и тоа што нејзините родители не и дозволувале да влезе во шоубизнисот, но упорноста ја довела онаму кадешто е сега, на тронот. Наградена е со 7 телевизиски награди и тоа сите за серијата “Pavitra Rishta”. Таа моментално е во љубовна врска со Сушант Сиг Рајпут (Манав), нејзиниот партнер од серијата која сеуште се снима.

 

“Pavitra Rishta” се емитува и на Сител и остварува прилично добри рејтинзи. Серијата е актуелна од 2009-та година па се до денес, снимени се 741-на епизода. Според она што го прочитавме на интернет, моментот кога огнот најмногу ќе распламне во оваа серија е кога дејството ќе се префрли 18 години подоцна, таму главните улоги ќе ги имаат децата на Арчана и Манав.

 

 

 

 

 

Ivana Т. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!